„Форбс“: С. Вилијамс е најплатена светска спортистка и четврта година во низа

Во извештајот се наведува дека сопственичката на 23 гренслем трофеи заработи 29,2 милиони долари за 12 месеца од кои 4,2 милиона долари се турнирски награди, а останатиот приход е од спонзорски договори и разни други основи

С. Вилијамс „прегазена“: Халеп за 55 минути до трофејот на Вимблдон

До првиот трофеј на лондонската трева, втор гренслем во нејзината кариера по Ролан Гарос во 2018 година, Романката стигна експресно и на импресивен начин. Конечни 6:2, 6:2 за 27 годишната девојка од Констанца која ја надигра Американката како ретко која нивна колешка досега

Која ќе ја наследи Кербер на Вимблдон: С. Вилијамс во 11 финале, прво за Халеп

Серена Вилијамс во шестиот настап во комплексот на „All England Club“ ја совлада Барбора Стрицова со 6:1, 6:2 за 11 финале во кариерата во Лондон во кое ќе атакува на седми трофеј или вкупно 24 на гренслем турнирите. Симона Халеп, пак, за првпат ќе игра во финале на Вимблдон во кое ќе брка втора гренслем титула по освоената на Ролан Гарос во 2018 година, откако во полуфиналето ` препушти само четири гема на Елина Свитолина од Украина (6:1, 6:3)

Прво гренслем полуфинале на 34 години: Стрицова закажа меч со С. Вилијамс на Вимблдон

Чешката тенисерка во четврт-финалето ја порази Британката Џоана Конта со 7:6, 6:1, Американката беше подобра од сонародничката Алисон Риск со 6:4, 4:6, 6:3. Во второто полуфинале на женскиот турнир во Лондон ќе играат Симона Халеп и Елина Свитолина. Денеска ќе познати и машките полуфиналисти на „All England Club“. Ѓоковиќ ќе игра против Гофан, Федерер со Нишикори, Надал со Квери, а Пелја со Баутиста Агут

Осака до публиката по триумфот на Ју-Ес опен: Извинете што вака заврши

Дваесетгодишната јапонска тенисерка во женското финале беше подобра од најдобрата - Серена Вилијамс над која славеше со 6:2, 6:4 за прв гренд слем трофеј во кариерата. Во машкото финале (недела, 22 ч. по средноевропско време) ќе играат Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Потро

Прва четвртфинална двојка на Ју-Ес опен: Надал со Тим за полуфинале

Шпанецот по три часа и 22 минути игра го совлада Басилашвили од Грузија со 6:3, 6:3, 6:7, 6:4, Австриецот, пак, го елиминира петтиот носител, Кевин Андерсон со 7:5, 6:2, 7:6. Серена Вилијамс и Каролина Плишкова ја формираа првата четвртфинална двојка кај дамите

Тенис: Мадрид без Серена Вилијамс, Ролан Гарос без Енди Мареј

Американката се повлече од Мастерсот во Шпанија со образложение дека сè уште не е во препознатлива форма по породувањето, Британецот, пак, го прескокнува најголемиот турнир на земјена подлога поради рехабилитација по операцијата на колкот