НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот Иванов упати божиќна честитка до поглаварот на МПЦ

0
By Нова ТВ on January 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник раѓањето Христово – Божиќ.

– Празнувајќи го Божиќ ние се сеќаваме на еден од клучните настани во историјата, а тоа е денот кога Синот Божји стана и Син Човечки за да го покаже патот до вистината која носи надеж за живот. Божјото поистоветување со луѓето преку Исус Христос е, воедно, и најсилната недвосмислена потврда на вроденото човеково достоинство и неотуѓивата вредност на секој човек, независно од етничката, јазичната, верската, социјалната припадност, независно од полот и возраста. Поради тоа, ние сме обврзани љубовта кон Бог да ја искажеме преку почитувањето на нашите ближни, нашите семејства, нашите соседи, нашите сонародници, нашите сограѓани, се наведува во честитката.

Воедно, се додава дека денес, повеќе од кога и да било порано во Република Македонија ни е потребно одново да ја откриеме таа почит.

– Овој Божиќ е уште една можност за да си простиме, да се помириме и да се сплотиме околу трајните вредности. Ова е можност да градиме човечно, солидарно и праведно мултиетничко општество во кое ќе владеат праведни закони. Ваше Блаженство, честитајќи Ви го големиот христијански празник, Ви посакувам добро здравје. На сите граѓани кои го прославуваат празникот им посакувам заедно и со отворени срца да ја прославиме радосната вест за Христовото раѓање, стои во честитката од претседателот Иванов.

Божиќ Ѓорѓе Иванов честитка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.