Тајландскиот премиер остави картон со неговиот лик за да одговора на новинарските прашања. Прајут Чан-оча имаше кратко обраќање пред владината куќа во Бангкок, пред да му ја донесат картонската реплика од него.
-Ако сакате да поставите какво било прашање за политика или конфликт, прашајте го овој човек, рече Прајут.
Новинарите сакале да му постават прашања за изборите, за насилството на југ и за законите со кои голем број граѓани се затворени поради навреда на монархијата.
Но, наместо тоа, публиката била оставена само со опцијата да се слика со картонот со ликот на Прајат, на кој тој е претставен како се ракува.
Тајландскиот сервис на BBC извести дека картонот со ликот на премиерот бил претставен на настан во сабота, за време на приемот на деца во официјалната резиденција и канцеларијата на премиерот, во пресрет на Светскиот ден на децата.
Во обраќањето пред пред насобраните деца внатре во резиденцијата, тој рекол дека е важно „младите луѓе да се ангажираат со потенцијалот за да се во тек со демократијата на 21 век“.
Тој исто така изјавил дека „Тајланд не треба да се плаши од политиката“ и дека треба да „создаде нова генерација на политика“.
Прајут го предводеше воениот пуч во 2014 година, по што една година подоцна беше именуван за премиер. Владата вети дека ќе одржи национални избори, но тие постојано беа одложувани.
Многу студенти кои протестираат против раководството на војската се уапсени или затворени во последниве години.