НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова демократија ги откри „црвените линии“ во спорот со името

0
By Нова ТВ on January 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сложено име со географска одредница, име за сите и за севкупна употреба (ерга омнес) и откажување од секакви иредентистички изјави или пракси од страна на Скопје – се трите предуслови во „црвените линии“ на грчката опозициска Нова демократија.

Говорејќи пред партиските членови кои се одговорни за различни сектори, Кирјакос Мицотакис, според грчката новинска агенција АНА-МПА, ги претставил црвените линии на партијата и рекол дека Нова демократија нема да прифати решение само за името, доколку не се исполнат и другите критериуми.

Во однос на откажувањето од иредентизмот, објаснил дека тоа може да се случи само преку билатерален договор, а пакетот договор за името, според Мицотакис, треба да биде усвоен од ОН.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, во обраќањето на почетокот на состанокот, Кирјакос Мицотакис, рече дека земјата има национална линија – онаа што беше одредена во Букурешт во 2008 од владата на Караманлис, а оваа позиција е официјална позиција на Нова демократија.

– Минимумот што може да го направи владата е да ја одбрани во целост позицијата од Букурешт. Затоа што името не се однесува само на името. Сѐ помалку од ова, не може да биде прифатено. Како што секако не може да биде прифатено никакво нецелосно решение, што не го решава проблемот во целост. Ова не се однесува само на примената на решението, на ерга омнес, туку и на неприфатливите иредентистички изјави од нашите северни соседи, кои ги провоцираат патриотските чувства на сите Грци, не само на Македонците, вели лидерот на опозициската партија, пренесува МИА.

За македонската влада, Кирјакос Мицотакис, објасни дека треба во пракса да покаже дека ја почитува чувствителноста на грчкиот народ во однос на историјата, но и да покаже дека има капацитет во внатрешноста на земјата да наметне едно заемно прифатливо решение. За грчката влада, пак, рече дека не крие дека нема никаква доверба, бидејќи, како што вели, е способна да направи се за да се задржи на власт.

– Владата е онаа која има одговорност за преговорите. Одбра да преговара тајно, без да ги информира партиите од опозицијата. Засега, она што гледаме е театар со сенки, во кој министерот за одбрана се обидува да си ја задржи фотелјата, а министерот за надворешни работи рече дека Каменос не го прифаќа терминот Македонија на грчки. Божем можеме да ги принудиме странските земји да го говорат нашиот јазик. Смешни работи за еден сериозен случај, рече Кумуцакос, во воведното обраќање.

Во однос на информациите што во изминатите денови ги објавија грчките медиуми, дека членовите на опозициската партија, добиле упатства да не учествуваат во демонстрациите за името Македонија, Мицотакис, на состанокот, според АНА-МПА, рекол дека не постоела никаква забрана или наредба за членовите да ги изразат нивните ставови или да одат на некој протест.

Грција име Кирјакос Мицотакис Нова демократија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.