НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што ќе пишува за Македонија во балканската стратегија на Брисел

1
By Светлана Јовановска on January 10, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија (ЕК) се уште не е сигурна што треба да напише во својата февруарска стратегија за Македонија. Дали да напише дека до 2025 година земјата ќе биде “добро напредната на ЕУ патот” или дека “преговорите (за членство) треба да бидат во напредна фаза”.

Извадоци од нацртот на стратегијата на ЕК за Балканот вчера објави сајтот ЕУОбсервер кој имал можност да го види документот што ќе биде објавен на 7 или 14 февруари. А денес европските комесари на својот редовен неделен состанок имаа дебата за напредокот на балканските земји.

Во стратегијата се вели дека Србија и Црна Гора би можеле да станат членки на ЕУ во 2025 година доколку покажат “силна политичка волја, испорачаат вистински реформи и трајни решенија за кавгите со соседите”.

Но околу Македонија, Албанија, Босна и Косово, Брисел не е сосема сигурен дали овие земји или некоја од нив, ќе успее до 2025 година да почне преговори за членство. Па така, во нацртот се уште не е решено дали ќе пишува дека Македонија во 2025 година ќе биде “добро напредната на ЕУ патот” или дека “преговорите (за членство) треба да бидат во напредна фаза”.

Комисијата во февруари ќе потврди дека 2025 година е рокот за новиот бран на проширување доколку балканските нерешени соседски проблеми бидат решени.

“Партнерите од Западниот Балкан сега имаат историска можност. За прв пат, нивното зачленување добива временска рамка”, вели документот.

И во оваа прилика, како и повеќе пати досега, Брисел повторува дека ЕУ нема намера да ги увезува билатералните спорови коишто можат да го успорат овој амбициозен рок фиксиран во 2025 година.

Накусо, пораката на Брисел до Македонија е дека треба да се реши спорот со Грција и дека е потребна силна политичка волја и испорачување на вистински реформи за да можеме да се надеваме дека до 2025 година ќе ги привршуваме преговорите за членство во ЕУ.

“ЕУ не може и нема да увезува билатерални спорови. Оттука сите западно-балкански партнери мораат да ги решат овие кавги и тоа итно”, вели нацртот на стратегијата.

билатерален спор Европска комисија Македонија преговори за членство Стратегија за Западен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.