НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За Македонија клучни се Пржинскиот договор и реформските приоритети

0
By Нова ТВ on January 11, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската унија од власта и од опозицијата на Македонија очекува да продолжат со исполнување на политичкиот договор од Прижино, а истовремено од земјата се очекува да работи на итните реформски приоритети и на враќањето на евроинтеграцискиот пат, велат извори од Европската комисија, јави Дојче веле.

Ова е содржано во документите кои ги изготвува ЕУ за претстојниот период, кои во моментов се во „интерна работна фаза“.

– Само така Европската комисија ќе може да препорача отворање на пристапните преговори, предупредуваат во ЕУ.

Европските претставници од земјата очекуваат и продолжување на зајакнување на односите со соседите.

Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич објаснува дека во ЕК во моментов работат на два документа кои се однесуваат на Западниот Балкан. Првиот е новата Стратегија која треба да биде претставена во февруари, додека за април е планиран редовниот годишен извештај за напредокот кој ќе биде пресек на состојбата во сите земји во процесот на евроинтеграцијата и препораките на ЕК, како и што понатаму за секоја земја одделно.

Притоа, според Коцијанчич, ЕК смета дека е важно да се направи одвоена работна рамка за секоја земја од Западниот Балкан.

На првиот состанок на комесарите на ЕК во 2018 година меѓу другото беше разгледано и приближувањето на Западниот Балкан кон ЕУ.

Во ЕК велат дека токму 2018 година ќе пружи уникатна шанса за неповратно приближување на Западниот Балкан кон ЕУ.

– За тоа да го постигнат земјите од регионот мораат да им дадат највисок приоритет на реформите во областа на владеењето на правото, правосудството и основните права. ЕУ нема да прави компромиси околу критериумите за членстви, вели Коцијанчич.

Истата тема ќе биде на дневен ред и в петок, кога во Софија европските комесари ќе разговараат со бугарските претставници за приоритетите на бугарското претседателство со ЕУ.

Во согласност со најавите од Брисел и официјална Софија порача дека во текот на шестмесечното претседавање нејзин приоритет ќе биде токму напредокот на Западниот Балкан.

Во деталите од работниот извештај на ЕК се наведува дека земјите од Западен Балкан мора да им дадат највисок приоритет на реформите во областа на владеење на правото, правосудството и основните права

Регионалната соработка и добрососедските односи ќе бидат еден од условите за напредок на земјите од Западниот Балкан не само во 2018 година, туку и услов за членство во ЕУ.

На првиот состанок на еврокомесарите се говореше и за институционалните приоритети на ЕУ во следниот период –  реформите на економската и монетарната унија, зајакнување на надворешните граници и Шенген, формирањето на единствениот европски дигитален пазар.

ЕУ Македонија Прќино реформи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.