НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пепиќ тврди дека ја спасувал Шеќеринска во Собранието

1
By Нова ТВ on January 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полицискиот службеник Мунир Пепиќ денеска во судот изјави дека за време на настаните во Собранието на 27 април ѝ облекол докторски мантил на пратеничката од СДСМ Радмила Шекеринска за да ја евакуираат.

-Во Собрание бев на задача како вработен во Агенцијата за разузнавање за да следам лице кое беше влезено со толпата, а за што имав наредба од претпоставените, за што изготвив и извештај. Во еден момент кога настана гужва а веќе го изгубив лицето кое го следев влегов во просторијата во која беа повредените пратеници меѓу кои и Радмила Шекеринска. Јас заедно со другите колеги кои беа таму од шестата управа и помогнав на Шекеринска да се затскрие и успешно да се евакуира. Му помогнавме и на еден друг колега кој беше повреден. Излегов од Собранието и се вратив во Агенцијата каде го подготвив извештајот, рече Пепиќ.

-Јас не сум терорист секогаш сум работел за интересите на Република Македонија, рече Пепиќ на јавната седница во Апелација на која се разгледува жалбата за продолжениот притвор за вработениот во Агенцијата за разузнавање.

Обвинителството пак побара жалбата да биде отфрлена и решението за притвор да биде потврдено.

Неговиот адвокат, Еленко Миланов, рече дека Пепиќ е сомничен во случајот „Титаник“, одземен му е пасошот и се јавува редовно во судот, па нема како да избега.

Началникот Душко Лазаров, кој е еден од осомничените за настаните во Собранието на 27 април денеска изјави дека не е виновен и не дека планира да бегам, а дека доколку сакал да влијае врз сведоци ќе го направел тоа и дека неговиот работен однос е во мирување поради притворот.

Адвокатите на Лазаров посочија дека образложението за продолжување на притворот е паушално и не биле сослушани сведоци додека тој е во притвор.

Тие бараат да се преиначи решението на кривичниот совет и наместо притвор, Лазаров да добие куќен притвор. Вишото обвинителство инсистира притворот да остане со цел да се озбебеди присуство за oсомничениот да не влијае врз сведоци и да прикрива докази. Душко Лазаров вечерта кога се случија крвавите настани во Собранието бил во Оперативниот штаб.

На јавната седница, освен за жалбите на Пепиќ и на Лазаров, ќе се расправа и за продолжениот притвор на поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, како и за притворот на поранешниот директор на Македонска опера и балет, Игор Дурловски.

 

27.април јавна седница Лазаров. Апелација Пепиќ притвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.