Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ќе расправа за законите за реформа во безбедносните служби

0
By Нова ТВ on January 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 15, 2018 09:05

Пакетот закони за реформи во безбедносно-разузнавачкиот систем, кои се спроведуваат согласно препораките на Рајнхард Прибе, со акцент на реформирање на системот за следење на комуникациите се на дневен ред на денешната 30. седница на Собранието.

Два нови закони треба да поминат во овој пакет, Предлог-законот за формирање на Оперативно-техничката агенција (ОТА), која ќе биде медијатор меѓу овластените корисници и операторите во процесот на прислушување и Предлог-законот за следење на комуникациите.

Во пакетот реформи на прислушувањето, освен законите за ОТА и за следење на комуникациите се и предлозите за дополнување или измени на законите за класифицирани информации, за електронските комуникации, за извршување на санкциите, за јавното обвинителство, за јавнообвинителска служба, за судовите, за кривичната постапка.

Овие закони се еден од трите столба во реформскиот процес, како што објави претходно МИА, кој го спроведува Владата во насока на исполнување на препораките на Прибе, заедно со реформите во правосудството и администрацијата.

ОТА се очекува да почне со работа од ноември 2018 година, а дотогаш од 1 јуни за заштитата на приватноста на граѓаните и за спречување на евентуални злоупотреби веќе се грижи специјален подофицер, со свој тим.

МВР засега не соопштува каде ќе биде сместена ОТА, колку вработени ќе има, ниту да ги изнесат финансиските импликации за спроведувањето на овие реформи.

На овие реформи интензивно работеше меѓуресорската работна група, во која имаше и членови на опозицијата, кои навремено биле информирани за сите измени и според извори од МВР соработувале во креирањето на овие реформи.

За реформите е склучено стратешко партнерство со хрватската служба, која е креирана по пример на британската.

ОТА е прв чекор во воспоставување на взаемна контрола меѓу субјектите, кои учествуваат во процесот на следење на комуникациите. Тоа значи дека МВР нема да може само да следи, како што беше досега преку Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање. Иако е издадена наредба од суд, таа ќе мора да оди преку ОТА, која, пак само ќе има право да конектира, но не и да ги слуша разговорите.

Во новото законско и оперативно решение прифатена е забелешката свичовите да се извадат надвор од УБК. Тоа се медијациските уреди што овозможуваат комуникација меѓу сигналот и провајдерите и техника за следење на комунукациите.

Улогата на ОТА ќе биде само техничка. По добивањето на наредбата таа ја вклучува мерката, што подразбира дека го пренасочува сигналот кон корисникот односно барателот на услугите. Нема да може да собира податоци, да слуша, ќе може само да го вклуча сигналот.

Сигналот го пренасочуваат кон корисникот кон барателот, тој пак ќе може само да слуша да собира податоци, нема да може да приклучува.

Предвидено е зајакнување на контролниот механизам на следењето на комункациите. Дури и еден член на собраниската комисија, да побара да изврши контрола, таа ќе може да се направи и без претходна најава.

Пратениците и натаму ќе ја вршат контролата врз прислушувањето, преку собраниската комисија, составена од четири члена (двајца од мнозинството и двајца од опозицијата) и претседател од редовите на најголемата опозициска партија во Парламентот. Ќе може да вршат надзор без најава.

Во контролата, како што е содржано во предлог законот за следење на комуникациите, се вклучени и Народниот правобранител, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Дирекцијата за лични податоци.

Новина е Советот за граѓанска контрола, што дополнително треба да биде формиран. Советот за граѓански надзор ќе биде составен од претседател и шест члена, а сите ќе ги избира Собранието. Нивниот мандат ќе биде три години, а и тие ќе треба да поднесуваат годишен извештај за сработеното до Парламентот.

Овој Совет ќе постапува врз основа на барања на граѓани и фирми кои забележале незаконско постапување, односно злоупотреба на ПИ мерките.

Со ОТА ќе раководи директор избран од Собранието за период од пет години без можност за реизбор, а на предлог на Комисијата за именување и разрешување. Предвидено е агенцијата да има и заменик-директор.

Евентуалните санкции за вработени во ОТА, кои би ја злоупотребиле својата позиција, ќе бидат содржани во Кривичниот законик, односно во измените што треба да се донесат во оваа сфера.

Во однос на забелешката дека всушност сега УБК ќе се префрли во ОТА, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека дека најмногу седум луѓе од УБК ќе може да трансферираат во новоформираната агенција.

Дел од сетот закони се реформите во делот на работата на полицијата. На дневен ред на собраниската седница се и предлозите за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи и на Законот за полиција, кои се однесуваат на контролата врз работата на полицијата, со воведување надворешна контрола.

Пратенците ќе го разгледаат и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за полиција, кој има цел ел да се стави под контрола примената на средствата за присилба од страна на полицајците.

закони прислушување Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 20, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

ВЕСТИ May 20, 2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе подолг период нема повратна…

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

May 19, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.