Претставници на локалните власти во два кинески града се казнети за манипулирање со опремата за мониторинг на загадувањето, со цел нивото на смог да биде прикажано помало од загадувањето во реалноста, соопшти кинеското Министерство за животна средина.
Од 2014 година Кина води „војна против загадувањето“, во обид да ја поправи еколошката и политичката штета нанесена од повеќе од тридеценискиот бурен економски раст, но спроведувањето на мерките е постојан проблем.
Претставници на властите во градот Синој, во провинција Цзјанси, и во Синјан, провинција Хенан, ги прскале со вода сензорите за квалитет на воздухот, за да ги прикажат пониски нивоата на штетните гасови. И двата града се големи производители на енергетски интензивни обоени метали како алуминиум и бакар.
Органите одговорни за прекршоците биле отстранети од работа или против нив се изрекуваат административни казни.