НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска: Посетата на Столтенберг е порака

0
By Нова ТВ on January 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Посетата на генералниот секретар на НАТО на Македонија Јенс Столтенберг е порака сама по себе. Тоа значи дека во изминатите шест месеци успеавме Македонија да ја вратиме назад на евроатлантската патека и успеавме да ги неутрализираме сите оние лоши вести, кои во континуитет во изминативе години доаѓаа во Македонија.

Ова денеска го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, оценувајќи ја претстојната посета на генералниот секретар на Алијансата на земјава.

– На Македонија успеавме да и отвориме нова шанса. Посетата ја гледаме како можност Македонија да се претстави во поинакво светло, како држава која ги решава своите проблеми, која работи на својот приоритет, и која реално верува дека членството во НАТО и во ЕУ значат поголема сигурност и поголем просперитет на граѓаните на РМ, рече Шекеринска.

Според неа, главната цел на посетата е и Столтенберг да слушне и од наша страна што е она што сме го сработиле и какви се нашите планови.

На прашањето како го оценува проблемот со името за влезот на земјава во НАТО, таа вели дека „проблемот со името за жал стана еден од многуте проблеми кои НАТО ги нотираше во последниот извештај“.

– Посетата на генералниот секретар не е подарена, туку заслужена, тоа не е доволно за членство, но сепак покажува дека сме тргнале на вистинскиот пат. Столтенберг нема да го решава проблемот со името, тој ќе ја прати пораката дека кога една држава сака да стане членка на НАТО и ги влече вистинските потези – го гарантира владеењто на правото и основните вредности кои се во основата на нато алијансата, дека тогаш таа ја добива шансата за членство во нато, оцени Шекеринска.

Посочи дека во изминатите шест месеци Македонија покажала нов начин на однесување, поинаква политичка култура, и покажавме дека она што ќе го најавиме и ветиме се исполнува и станува реалност.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, в среда и четврток (17 и 18 јануари) ќе престојува во дводневна посета на Македонија. За време на посетата Столтенберг ќе се сретне со државниот врв, со министри, како и со некои од претседателите на политичките партии.

Предвидено е Столтенберг в четврток попладне да има заедничка прес конференција со премиерот Зоран Заев.

 

Јенс Столтенберг Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.