НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нимиц: Создадена е позитивна атмосфера, на повидок е можно решение

1
By Нова ТВ on January 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалниот претставник на ОН за спорот со името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, пред денешната нова рунда разговори во Њујорк, во изјава за дописникот на МИА од САД оцени дека со зачестените средби на министрите за надворешни работи на двете земји, се создала позитивна атмосфера со помалку тензии и отсуство на критички коментари, па затоа на повидок е можно решение.

Последната средба помеѓу Никола Димитров и неговиот колега Никос Коѕијас се одржа минатата недела во Солун.  Имаше добар разговор со фокус на унапредување на билатералните односи и соработка во поширок контекст, поврзан со тековните Мерки за градење доверба, соопштија македонското и грчкото МНР. Министрите тогаш изјавија дека од Нимиц очекуваат иницијална рамка со која ќе се оствари напредок во надминувањето на разликите околу името.

– Имам некои идеи кои двете страни треба да ги разгледаат. Сакам да помогнам со доближување на разликите во ставовите. Знаеме дека решението на овој тежок спор помеѓу два соседи бара доза на компромис кај двете страни, и верувам дека тоа ќе биде постигнато во согласност со дигнитетот и националните интереси на двете страни, изјави Нимиц.

Според него, таквото решение ќе ја зајакне безбедноста на двете земји и на регионот.

Медијаторот на ОН додаде дека постои позитивно расположение и во Атина и во Скопје кон подобрување на односите и засилување на европските димензии на регионот.

– Беше побарано да ги презентирам моите идеи пред двата перговарачки тима, овде во Обединетите Нации во Њујорк. Видливо е дека двете Влади имаат чесни намери и верувам дека тие ќе ги прифатат моите предлози со позитивни гледишта, а тоа да служи како основа за понатамошна дискусија и конечен договор, вели Нимиц.

Тој денеска во Њујорк по средбите со делегациите на двете земји ќе одржи прес-конференција, во 12:30 часот локално време.

Новата рунда преговори за името коинцидира со официјалната посета на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на Скопје.

името Нимиц Њујорк преговори решение
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.