НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети: Охридскиот договор е во духот на Скендербег

0
By Нова ТВ on January 17, 2018 ПОЛИТИКА
Фото Макфакс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министри, пратеници и функционери од ДУИ, лидерот на партијата Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска положија цвеќе пред споменикот на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег по повод 550-годишнината од неговата смрт. Пред положување на цвеќето беше интонирана албанската химна.

Лидерот на ДУИ Ахмети изјави дека Скендербег е национален херој на Албанците, но, како што рече и на сите народи кои го сакаат мирот на Балканот.

– Скендербег е најсимболичната фигура на Албанците и на другите народи на Балканот и инспирација за сите потиснати народи. Тој останува централна личност за сите народи на Балканот кои го сакаат мирот. Денеска достоинствено можам да кажам дека и Охридскиот договор е во духот на Скендербег, рече Ахмети.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто нема претставници од другите партии на Албанците, но и на Македонците, Ахмети истакна дека имало јавна покана за сите.

Претходно, свечена академија посветена на 550 години од смртта на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег се одржа во Собранието на Република Македонија, на која се обратија претседателот на Собранието Талат Џафери, директорот на Институтот на духовното и културното наследство на Албанците Скендер Асани, директорот на Институтот за национална историја Драги Ѓеорѓиев и проф. Владо Поповски, историчар и член на Одборот за одбележување на годишнината.

Али Ахмети годишнина Скендербег
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.