Десетици приврзаници на Семакедонскиот конгрес Македониум кои денеска се собраа на протест пред Собранието по повод посетата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој во тој момент имаше обраќање во Парламентот на крај запалија и едно знаме на НАТО, а со свирежи ги дочекаа и испратија премиерот и владините министри.
На одвоен протест Левица со неколкумина членови протестираа против глобалистичката политика на НАТО, додека најголемиот дел од присутните беа од организацијата Македониум кои протестираа против промената на името, законот за јазици и договорт со Бугарија.
На протестот беа Филип Петровски и екс пратеничката Солза Грчева.