Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг: Нема план Б, спорот со името треба да се реши

2
By Влатко Чаловски on January 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 18, 2018 16:45

Нема план Б, прашањето со името е во моментов најголемата пречка за членство на Македонија во НАТО, порача денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по средбата со премиерот Зоран Заев во Владата.

Оваа изјава, Столтенберг ја даде на новинарско прашање дали е можно Македонија да стане членка на НАТО а притоа да го решава проблемот со името.

„Спорот за името со Грција мора да се реши. Нема друг начин за влез на земјата во НАТО. Ова беше нагласено на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, а потоа повторено на Самитот во Велс во 2014 и во Варшава во 2016 година, истакна Столтенберг, дополнувајќи дека во НАТО сите земји членки имаат иста тежина на гласот.

Повторувајќи ги истите пораки кои ги кажа од собраниска говорница денеска, во однос на реформите, Столтенберг сепак нагласи дека со Македонија треба да се биде искрен.

„Имате голем пргрес во реформите, но мора да бидеме искрени. НАТО одлуките ги носи со консензус. Затоа навистина се надевам дека ќе го решите спорот со името и го поздравувам новиот моментум во преговорите. НАТИ не може да го реши името и да дава предлози, тоа треба вие да го решите“, потенцираше тој.

Премиерот Заев пак, рече дека оваа посета на генералниот секретар на НАТО е клучна за вистинско охрабрување и поддршка на владините очекувања дека 2018 годна ќе биде историска година како за државата така и за регонот, за НАТО и ЕУ.

„ Не можам да не изразам задоволство од обновениот интерес на НАТО за Западен Балкан во еден значаен и чувствителен геостратешки момент. Време е да ги внесеме во завршница  процесите на интеграција на сите земји од регионот што сакаат да бидат дел од семејството на Северноатланската алијанса.  Ние сме подготвени да работиме заедно во остварување на таа цел“, истакна премиерот.

Заев воедно потенцираше дека Владата останува посветена на домашните реформи што ја зајакнуваат и унапредуваат положбата на Македонија во согласност со политичките критеируми за членство во НАТО.

„Создаваме добар моментум за последниот заеднички исчекор и очекуваме Република Македонија да стане 30-та земја  членка на НАТО. Работиме за таа цел заедно со граѓаните и со сите наши партнери земји членки на НАТО“ рече Премиерот.

Заев името НАТО средба Столтенберг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.