На денешната седница на Извршниот Комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ донел одлука за формирање работна група за ажурирање на членството на ВМРО-ДПМНЕ составена од членови на Извршниот Комитет, кои во наредниот период ќе треба да предложат методологија која ќе биде усвоена од страна на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и веднаш потоа ќе отпочне со ажурирање на членството, соопштија од опозициката партија.
Во соопштението се наведува дека на седницата исто така ИК на партијата констатирал дека„ државата се води во погрешна насока и на политички и на економски план, за што главен виновник е актуелната Влада предводена од СДСМ“.
-Погрешните политики и безидејноста на Владата на СДСМ, резултираат со влошување на ситуацијата во државата при што се загрозени владеењето на правото и демократијата, а се практикува и реваншизам кон неистомислениците, вршејќи политички терор врз нив, се вели во партиското соопштение.