Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Атина: Од средбата Заев – Ципрас очекуваме напредок кон решение

1
By Нова ТВ on January 22, 2018 ПОЛИТИКА
Димитрис Ѕанакопулос
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 22, 2018 15:10

На средбата Заев – Ципрас во Давос, очекуваме да се направи напредок во насока на изнаоѓање на едно взаемно прифатливо решение, изјави портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, објави МИА.

Ѕанакопулос на денешниот редовен брифинг со новинарите кажа дека сите прашања поврзани со разговорите за името и иредентизмот ќе се најдат на агендата разговори меѓу македонскиот и грчкиот премиер во среда во Давос.

– Во изминатиот период, постоеја изјави, излагања и од двете страни и од страна на грчката влада и од страна на владата на поранешната југословенска Република Македонија кои ги менуваат, особено вторите, ги менуваат иредентистичките излагања од минатото и покажуваат една исклучително интензивна и искрена, според нашето мислење, волја за да се најде едно взаемно прифатливо решение. И токму ова ќе биде рамката во која ќе се одржи и средбата со господинот Заев на 24 јануари во Давос. Се надеваме дека за време на оваа средба ќе се постигне вистински напредок кон изнаоѓање решение, рече Ѕанакопулос, пренесува МИА.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали на средбата, грчкиот премиер ќе побара некакви конкретни чекори на добра волја од неговиот македонски колега, како на пример промена на уставот и иредентизмот, портпаролот на грчката влада вели дека сите овие теми се јадро на преговорите.

-Разговараме за сложено име со географска или временска одредница ерга омнес. Ерга омнес, треба да ви кажам, дека ја вклучува и самата соседна земја, во спротивно немаше да биде кон сите, туку ќе беше само кон некои и секако во јадрото на преговарачките позиции на нашата земја е вклучено и отстапување од секаков вид на иредентистичка перспектива, изјави портпаролот на грчката влада, објаснувајќи дека двајцата премиери ќе разговараат токму за овие прашања.

За вчерашниот протест во Солун, Ѕанакопулос вели дека во грчката влада биле свесни и знаеле дека дел од грчките граѓани имаат посебна чувствителност во врска со прашањето за името, но додава дека „оваа чувствителност не треба да биде предмет на злоупотреби од радикални сили кои само лошо прават во обидите да се најде решение.“ Ѕанакопулос ги спомена и протестите од 1992, како пример дека наместо да помогнат, ги поткопаа обидите за изнаоѓање решение.

-Знаевме, како грчка влада, дека некои граѓани имаат посебна чувствителност за конкретното прашање, но треба да ви кажам дека тонот на конкретниот протест, политичката насока што ја доби, имаше една радикално десничарска, ултра националистичка насока, што сметаме дека не го изразува мнозинството на грчките граѓани, потенцира Ѕанакопулос и вели дека протестите не може да влијаат на надворешната политика .

Во однос на можноста за распишување референдум за името и во Грција, владиниот портпарол, на денешниот редовен брифинг со новинарите, рече дека владата не размислува за такво нешто.

Претходно денеска Владата на Република Македонија работи на анализа и консулатации за предлозите на медијаторот Метју Нимиц за решение на прашањето за  името.

– Во наредниов период ќе вложиме напори за што е можно по инклузивен процес со вклученост на сите релевантни политички фактори во земјава, а се во насока на градење заеднички приод, став и стратегија“, се наведува во изјавата од Владата за МИА.

Во меѓувреме, грчката ТВ ЕРТ објави дека посредникот на Обединетите нации во спорот за името Метју Нимиц, во следните десет дена ќе ги посети Атина и Скопје. ЕРТ потсетува на изјавите на Нимиц дека е оптимист оти проблемот за името на Македонија може да се реши во следните шест месеци.

 

Грчка Влада Давос Заев Ѕанакопулос името преговори Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.