НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По 9 години судење: Актерот Петар Арсовски не го клеветел Ристо Шишков

0
By Нова ТВ on January 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Актерот Ристо Шишков не бил клеветен од неговиот колега Петар Арсовски, потврди Апелацискиот суд Скопје, по цели девет години судење, објави Правосудство.

Арсовски успеа да докаже дека поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Шамбевски го клеветел со намера да му го наруши неговиот углед и чест.

Тужбата која беше поднесена против Шамбески уследи по одржана партиска прес-конференција, на 26 февруари 2009 година на која портпаролот на ВМРО ДПМНЕ кажа дека Петар Арсовски директно учествувал во конструкцијата на обвинението против неговиот колега Ристо Шишков. Шамбевски обвини дека во 1979 година, Арсовски го клеветел Шишков дека го напаѓал тогашниот комунистички режим и дека токму поради дадените изјави Шишков бил осуден и затворен.

Судот му наложува на Шамбевски да плати надомест на штета од 120 илјади денари и да ги надомести трошоците на судската постапка, која траеше девет години поради непојавувањето на тужениот на суд, иако беше познато дека тој е во Амбасадата на Македонија во Пекинг, Кина.

Застапникот на Шамбевски, адвокатот Александар Михајловски, сега познат по барањето за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, одрекуваше дека неговиот клиент ги избегнува судските покани. За него беше спорно тоа што судот покани ги испраќал до седиштето на партијата, а тужениот не само што заминал за Кина, туку бил именуван и за амбасадор.

-Задоволен сум, бидејќи се потврди дека јас никого не сум кодошел. За мене најважна е вистината! Да бидам искрен мене ништо не ми значи и одредениот надомест за претпрена штета. Битна ми е само вистината, вели актерот Арсовски и појаснува дека на тужениот Оливер Шамбевски, преку неговиот застапник, кој и претходно го контактирал, му било кажано дека доколку тужениот се согласи јавно да го демантира она што веќе го изјавил и притоа се извини тој е подговен да ја повлече тужбата и да не бара никаков надомест за претрпената штета. Тужената страна се согласила на повлекување на тужба, но не и да признае дека клеветела и затоа и е одбиено барањето за извинување.

Апелација клевета Оливер Шамбевски Петар Арсовски Ристо Шишков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.