НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДСЗИ ја затвори болницата „Санте плус“ поради смртта на родилката

1
By Нова ТВ on January 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за здравство извести дека вчера од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е извршен вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Свети Лазар (Моја Болница-Санте плус), во однос на почитување на законската регулатива.

-При надзорот се констатирани недостатоци, заради што од страна на ДСЗИ, записнички и со решение е дадена забрана за работа се до отстранување на констатираните недостатоци, соопшти Министерството за здравство.

Во соопштението од таму не се појаснува за што точно се работи и какви се констатираните недостатоци.

Д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вели дека засега детали околу недостатоците утврдени при надзорот нема да даваат, бидејќи дел од увидот сè уште не е завршен, а во тек е и работата на мисијата формирана од Министерството за здравство, која треба да утврди од зошто дошло до смртен исход на родилката.

„Кога ќе ги имаме комплетно податоците ќе излеземе со повеќе детали“, вели д-р Сотирова Бухова.

Дебора Џамбази

Приватната болница Санте плус е во фокусот на јавноста откако минатата недела почина родилката Дебора Џамбази која се породувала таму во четвртокот со царски рез.

Од болницата ја транспортирале родилката на државните клиники, и од таму тврдат дека таа била однесена жива во КАРИЛ, но од КАРИЛ се децидни дека таму е однесена почината.

Нејзиното бебе се наоѓа на Клиниката за детски болести од каде потврдија дека бебето е во тешка но, стабилна состојба.

-Бебето е стабилно, но уште е во критична состојбата. Се уште е на апарати за дишење, денеска ќе се направи уште една контрола така што се надеваме дека ќе успее да се извлече иако е донесено со крвавење на мозокот, изјави завчера Катерина Ставриќ директорка на Клиниката за детски болести.

Министерството за здравство формираше комисија која го истражува случајот со смртта на младата родилка.

Анестезиолог од КАРИЛ учествувал во породувањето на починатата родилка

ДСЗИ затворена МЗ родилка Санте Плус смрт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.