НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството отвори истрага за кривичната пријава за Неделкова

0
By Нова ТВ on January 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство Скопје постапува по кривичната пријава поднесена од Врховниот суд на Република Македонија против поранешната претседателка на Одделот за казниви дела во Врховниот суд, судијката Лидија Неделкова.

Врховниот суд тврди дека поранешната претседателка на судот во својство на претседател на оддел за казниви дела во Врховниот суд изготвила писмо со невистинита содржина адресирано до кривичниот суд Скопје 1 откако истиот суд барал насоки како да се однесува со истрагите на СЈО.

Од ЈОРМ за МИА потврдија дека кривичната пријава е доставена до Основното јавно обвинителство – Скопје и дека веќе се постапува по неа.

Според претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски, тогашниот претседател на Одделот за казниви дела во Врховниот суд на 25 март 2016 година изготвил писмо со невистинита содржина адресирано до Основниот суд Скопје, во кое е наведено дека Одделот за казниви дела го разгледал барањето и дека дал одговор со кој укажал на потребата јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите соодветно да се легитимира по однос на својата надлежност, а поврзано со конкретен кривичен правен настан, иако одделот не одлучувал по тоа барање и не се произнел по барањето.

Писмото, потоа, повторно било заведено со датум од 1 декември 2016 година и било доставено до Основниот суд Скопје.

Како што објави денеска Врховниот суд на својата веб страна, Вангеловски донел одлука со која е констатирано дека согласно судскиот деловник писмата со невистинита содржина на судијата Лидија Неделкова не спаѓаат во категоријата на списи од доверлив карактер.

Поради покажаниот голем интерес на медиумите, а со цел објективно информирање на јавноста Врховниот суд на Република Македонија денеска на веб страната ги објавува писмата, како што е наведено, со невистинита содржина заведни под Дов.бр.8/2016-1 од 25.03.2016 и Дов.бр.8/2016-1 од 01.12.2016 година.

Врховен суд истрага Јово Вангеловски ЈОРМ кривична Лидија Неделкова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.