Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Средбата со Ципрас добра вест за земјата, за регионот и за ЕУ

0
By Нова ТВ on January 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 26, 2018 15:17

Средбата на премиерот Зоран Заев со грчкиот премиер Алексис Ципрас е од големо значење и за поместување на евроинтеграциските процеси на Република Македонија, и ги прави многу пореални очекувањата дека 2018 година може да биде историска година за Македонија, за регионот и за ЕУ.

Ова денеска е заклучено е на средбата во Давос на премиерот Зоран Заев со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, на Светскиот економски форум.

Заев го информирал Хан за средбата со грчкиот премиер и го запозна со остварените резултати од таа средба кои во голема мерка го придвижуваат процесот на преговорите на двете земји во однос на проблемот кој Грција го има со уставното име на Република Македонија, како и во однос на потенцијалите за ново, квалитетно, поместување на билатералните односи, соопшти владината прес-служба.

Еврокомесарот му го пренесе на Заев и непосредно неговиот став за средбата со Ципрас искажан веднаш по настанот на социјалните мрежи и подвлече дека средбата е многу добра вест, која покажува храброст, визија и државништво, и дека решавање на долгогодишниот спор ќе биде добро за двете земји, регионот и Европа.

Заев на средбата нагласи дека средбата е значајна и за охрабрување на имплементацијата на отпочнатите одржливи реформи во Македонија, и дека ја потврдува политичката волја на Владата да ги затвора долготрајните отворени прашања со соседните земји, да ја поттикнува регионалната динамика и да биде веродостоен партнер на своите меѓународни пријатели паралелно со секојдневните остварувања и на домашната општествена сцена.

Во меѓувреме, заменик портпаролот на ЕК Александер Винтерштајн на прес конференцијата во Брисел изјави дека Унијата не сака да преземе улога на посредник во разговорите меѓу Атина и Скопје, туку решението треба да се бара во рамките на Обединетите нации.

-Наша позиција е дека одржување на добрососедски односи, вклучувајќи и преговарање за заемно прифатливо решение за името под покровителство на Обединетите нации останува клучно. Се разбира ги поздравуваме чекорите преземени од двете страни за вклучување во разговорите, изјави Александар Винтерштајн, заменик- портпарол на ЕК.

Винтерштајн не сакаше да ја коментира изјавата на лидерот на грчката „Неа демократија“ дека прозорецот на можностите за решавање на спорот за името е затворен.

Давос Заев името средба Хан Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

ВЕСТИ July 14, 2026

Американската војска соопшти дека завршила нов петчасовен бран напади врз Иран и тоа, како што…

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

July 12, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.