НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети за „Катимерини“: Решение за името сега, без референдум

0
By Нова ТВ on January 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според моделот на Договорот за добрососедство со Бугарија, со консензус меѓу двете влади, а потоа ратификација во двете собранија,  да се затвори прашањето за името, предлага лидерот на ДУИ во интервју за „Катимерини“. Тој, вели дека подобро време за договор од сега не постои и објаснува дека владата ќе преговара за да се постигне договор, а не само за да преговара.

Под наслов „Решение сега, без референдум“, неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“, јавува дописникот на МИА од Атина, ги пренесува ставовите на претседателот на ДУИ, Али Ахметиво врска со преговорите за името меѓу двете земји.

-Најдобар начин за затворање на ова прашање е моделот на Договорот за добрососедство меѓу Скопје и Софија, преку консензус меѓу двете влади, а потоа ратификација во двете собранија, вели Али Ахмети во интервјуто за, објаснувајќи дека владата и опозицијата имаат историска одговорност да постигнат решение и да ги одведат граѓаните и земјата во НАТО и ЕУ.

-Ќе учествуваме во преговорите за да постигнеме решение, а не само за да преговараме. Потребно ни е решение, и нас во Скопје и вас во Атина. А подобро време од сега не постои, потенцира Ахмети, пренесува МИА.

Во однос на предлозите и идеите на Нимиц, вели дека владата заедно со опозицијата ги разгледува и се обидува да има позитивен и конструктивен пристап.  Лидерот на ДУИ, објаснува дека терминот „Македонија“ бил дел од предлозите и во 2008 во Букурешт, но и во 2011, во рамките на предлогот „Република Северна Македонија“.

-Терминот Македонија во името на нашата земја не претставува закана за територијалниот интегритет и суверенитет на Грција, вели Ахмети за „Катимерини“ и им порачува на Грците да бидат сигурни дека нашата земја нема никаква територијална или било каква друга претензија од нивната земја, и дека е апсурдно да се претпоставува такво нешто.

Ахмети предупредува дека не решавањето на проблемот може да ги негува старите ставови за нови граници на Балканот.

-Ако овој спор не се реши работите може да бидат многу лоши. Кога работите одат на лошо за нас, тоа секако ќе има последици и за Атина и со тоа може да се негуваат стари амбиции на различни кругови со архаични ставови за поделба, за нови граници на Балканот. Сметам дека ова е многу опасно за сите нас во целост, објаснува лидерот на ДУИ.

Во однос на тоа дали и колку е можен политички консензус во Македонија за прашањето за името, Ахмети упатува критики до претседателот Ѓорѓе Иванов, а за опозицијата објаснува дека поддржува решение на проблемот.

-Господинот Иванов испушти одлична можност за да ја подобри неговата слика кај албанската заедница, оставајќи и негов белег во завршувањето на регулативниот дел на Охридскиот договор. Тој одбра да остане на патот на законитоста заглавена на линиите од партијата. Јас очекувам да нема ист пристап и за толку сериозното и долгогодишно прашање за името, вели претседателот на ДУИ во интервјуто за неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“, пренесува МИА.

Али Ахмети Грција Македонија спор за името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.