Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Врховен мора да биде во советот за реформи, не е важно името

0
By Нова ТВ on January 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 29, 2018 14:12

Во новиот совет задолжен за имплементација на веќе донесената стратегија за реформи во правосуството треба да има практичари, посочи премиерот Зоран Заев кој ќе биде на чело на новото тело.

– Веројатно во него ќе влезе претседателот на Врховниот суд, претседателот на  Осовниот суд Скопје 1, јавниот обвинител, специјалниот јавен обвинител, една од апелациските единици, претставници од Здружението на судии, Адвокатската комора, кои треба да бидат помогнати од граѓански активисти или експерти и од експерти од професорската фела. Тоа тело не треба да биде преобемно за да биде со сериозен  импакт, да ги забрза процесите и да биде консултативно за практичарите кои ќе ги изработуваат законските решенија, рече Заев одговарајќи на прашање по завршетокот на рочиштето за „Поткуп“.

На прашањето, што може да го советува Јово Вангеловски претседател на Врховен суд, кој „со одлуките овозможи бегство на лица поврзани со Специјалното јавно обвинителство“, Заев рече дека не се водиат од името и презимето на личностите коишто ги водат институциите и „Врховниот суд во еден ваков совет не смее да биде незастапен“.

-Верувам дека играјќи со позициите, на крајот треба да има коректив и внатре и ова треба да ги даде најдобрите можни решенија во интерес на граѓаните и на правосудството во Македонија, рече Заев.

Законот за амнестија, нагласи, се носи бидејќи се очекува правда и правичност за многу луѓе кои беа осудени во процеси во поранешни закони за кои новите законски решенија ги ублажија казните, а воедно ќе овозможи и модернизација на затворските простории.

Како пример го посочи Законот за транспорт на мигранти, според кој, како што кажа, имаше пресуди по осум и 10 години затвор, а по промената на законското решение се дозволуваше да се транспортираат мигранти од јужната до северната граница дури и со такси и автобуски превоз.

– Имаше јавна дебата и се надевам дека донесовме исправно решение. Верувам дека се донесе правично решение за сите, а делата за полов напад, педофилство, убиство или слично не се амнестираат никаде во светот. Со Законот за амнестија ќе овозможиме и модернизација  на затворските простори, рече Заев.

Нагласи дека капацитетот на најголемата затворска установа „Идризово“ е 850, а во моментво  таму има преку 2.000 затвореници.

– Тие не може да се преместуваат за да се реконстурираат одредени простории, посочи Заев.

Вангеловски Врховен суд Заев Совет за реформи во правосудството
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.