НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собрание: Немаше кворум за гласање за намалување на патните трошоци

0
By Нова ТВ on January 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поради немање кворум, Собранието без гласање попладнево ја заврши само општата расправа за предложените измени на Законот за плати  и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, и на Законот за пратеници, предложени од пратениците од СДСМ и коалицијата, двата во прво читање, а со кои се предлага намалување на висината на патните трошоци за народните избраници.

Гласањето за законите, како што најави претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе се одржи на следно продолжение на седницата што ќе биде закажано дополнително.

Предложените измени предвидуваат наместо досега утврдените 30 проценти од продажната цена на еден литар гориво, според изминат километар на возилото кое се користи, пратениците да добиваат надомест во висина до 20 проценти, од продажната цена за еден литар гориво.

Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ, образложи дека предложените закони се последица на нивната намера да отворат дебата за намалување на патните трошоци, што треба да предизвика сет предлози од сите пратенички групи.

– Искрено се надеваме дека во оваа дебата ќе се вклучи и опозицијата која барем вербално изрази подготвеност дека се согласи со предлозите парламентарното мнозинство. Првпат се случува дебата која треба да ја отслика нашата искрена намера да се намалат високите надоместоци за престој и превоз на пратениците од внатрешноста и да се  избере метод, начин  на регулирање кој ќе ги спречи евентуалните злоупотреби, кои всушност се најголемата претпоставка, а веќе гледаме дека од  соодветни институции има и истраги за злоупотреби на народните пари во смисла  на  патните трошоци, рече Тунтев.

По прифаќање на овие предлог закони, како што најави, планираат да достават предлог одлука до Комисијата за избор и именување да се смени постоечката формулација за исплата на надоместоците со приложување патен налог и фискални сметки. Тоа треба да се смени со формулацијата патен налог, фискални сметки и слип односно потврда од платени фискални сметки со кредитна или дебитна картичка.

– Плаќањето со кредитна и дебитна картичка е или на име и презиме на носителот или на бројот на картичакта. На тој начин нашите намери се искрени да ги остраниме сите сомнежи во јавноста дека некои од пратениците имаат намера да ги злоупотребуваат овие работи, наведе Тунтев.

намалување патни трошоци пратеници Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.