НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпанец наместо Шпанец: Парондо го наследува Гонзалес во Вардар

0
By Нова ТВ on January 31, 2018 ВЕСТИ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вардар го обелодени наследникот на Раул Гонзалес за наредните две натпреварувачки сезони. Изборот на управата на европскиот ракометен шампион падна на Роберто Гарсија Парондо (38) кој моментно работи со Ирина Дибирова во женската екипа на „црвено-црните“, но е дел од стручниот штаб и во репрезентацијата на Македонија. Минатата година имаше придонес и во подготовките на репрезентација до 21 година која го освои шестото место на младинското Светско првенство во Алжир.

„Среќен сум за укажаната шанса. Се надевам дека ќе возвратам со резултати како единствен начин за оправдување на довербата. Предизвикот е голем, особено што станува збор за клуб со голема традиција и постигнувања зад себе. Речиси цела сезона сум во Вардар и го чувствувам како свој дом, а условите што ги имаме ми дава за право да верувам во успешна соработка. Очекувам брзо адаптирање во машката екипа со оглед дека сум запознат со работата. Високите амбиции остануваат наша цел и во иднина за екипата да остане на позициите на кои е во моментот“, истакна Парондо.

Најголем дел од играчката кариера на Парондо е поврзана со шпански клубови. Настапувал за Хетафе, Алкобендас, Валјадолид, Адемар Леон (освоен КПК во 2005 година), Атлетико Мадрид (освоен Супер Глоуб во 2012 година) и Сиудад Реал по што четири години мина на унгарската сцена во тимовите на ПИК Сегед (освоен купот на ЕХФ во 2014 година) и на Будакалаш.

Наследникот на Гонзалес беше и шпански репрезентативец. За „фуријата“ одигра 74 натпревари и постигна 174 гола и беше дел од тимот што се закити со златен медал на Медитеранските игри во 2005 година во Алмерија. Играше и на мундијалот во 2007 година во Германија, а последниот настап за националниот тим на едно големо натпреварување го имаше на Европското првенство во Шпанија во 2012 година.

ракомет Раул Гонзалес РК Вардар Роберто Гарсија Парондо Тренер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.