НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе остане ли Охрид на листата на Светско наследство на УНЕСКО

0
By Нова ТВ on February 1, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска истекува рокот кој го доби Македонија со одлуката од на 41-та сесија на Комитетот за светско наследство во полскиот град Краков лани во јуни, со која земјата е обврзана да поднесе извештај за напредокот во имплементација на препораките од реактивната мониторинг мисија на Центарот за светско наследство, IUCN и ICOMOS.

-Ова е дел од процедурата која државата треба да ја исполни за да не дозволи единственото место од Македонија која е под заштита на УНЕСКО да биде ставено на листата на Светско наследство во опасност, што може да води до целосно бришење од листата на Светско наследство на УНЕСКО, велат од здружението за заштита на Охрид „Охрид СОС“.

Фото Охрид СОС

Во посочениот рок Република Македонија беше задолжена да спроведе редица активности во насока на заштита на Охрид и Охридското езеро како светско културно и природно богатство, меѓу кои трајно отфлање на планот за изградба на ски-центар во Националниот парк „Галичица“, за изградба на планираниот експресен пат низ паркот, прогласување мораториум на сите градежни модификации на крајбрежјето и урбаното подрачје во рамките на Светското наследство, сè додека не се изработат сите релевантни плански документи, изработка на темелна проценка за утврдување на заштитната зона на Светското наследство, иницирање Стратешка оцена за влијанието врз животната средина за Планот за управување со охридскиот регион за периодот до 2025 година.

Исто така, во забелешките на Комисијата беше нотирано и дека при изработка на СОЖС, строго да се внимава на кумулативните влијанија од било какви инфраструктурни проекти (крајбрежни и урбани) врз регионот, а истата да биде поднесена до Центарот за светско наследство пред да се преземат било какви одлуки кои би биле непоправливи.

Фото Охрид СОС

Препораките предвидуваат и стопирање на процесите на легализација на бесправно изградените објекти сè додека не се направи нивна евиденција и не се изработи оцена на влијанието врз природното и културното наследство на сите нелегално изградени објекти, ригорозна примена на законите за да се спречи секакво нелегално градење.

Истовремено, од државата се бара вклучивање на локалната заедница и невладините организации кон вистински партиципативен приод кон управувањето со Светското наследство.

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ бара од државата да ги информира граѓаните на Република Македонија за случувањата во врска со посочениот извештај, имајќи ги предвид потенцијалните негативни последици по статусот Светско наследство на Охрид доколку предвидените мерки не бидат спроведени на начин како што препорачаа експертите на УНЕСКО.

Фото Охрид СОС

„Охрид СОС“ очекува целосно и транспарентно објавување на Извештајот и формално образложение за мерките што се преземаат како на Охрид долгорочно би му се гарантирал статусот на Светско природно и културно наследство, стои во барањето на иницијативата.

Тричлена експертска комисија на УНЕСКО во април минатата година престојуваше во работна посета на Македонија и на Охрид, каде изврши увид во спроведените активности на терен и изврши проценка колку се почитуваат нивните препораки за обемот на градежните зафати и нивното влијание врз животната средина и културното наследство.

Охрид Охрид СОС Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.