Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ХК: Говорот на омраза мора да се санкционира

0
By Нова ТВ on February 1, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 1, 2018 11:09

Хелсиншкиот комитет во рамките на својот мандат за промовирање и заштита на човековите права и слободи посветено работи на сузбивање на говорот на омраза и разните облици на повикување на насилство и нетолеранција, кои за жал се сè почеста појава во јавниот дискурс во Македонија.

Општествено политичките случувања во последниот период, како што се потпишувањето и ратификацијата на Договорот за добрососедство со Р. Бугарија, донесувањето на Законот за јазици, интензивираниот процес на преговори за името предизвикаа или станаа повод за спирала на националистички, ксенофобични, иредентистички, етноцентристички реакции од дел од експертската јавност но и од дел на граѓаните.

Хелсиншкиот комитет најостро ги осудува говорот на омраза и повикувањата на насилство, независно од кого потекнуваат. Потсетуваме дека ваквите пораки и повикувања се исклучително опасни за карактерот и опстојувањето на нашето мултиетничко и мултикултурно општество.

Оттука, Хелсиншкиот комитет упатува апел до сите граѓани на Република Македонија да се воздржат од употреба на говор на омраза, навредливи и провокативни пораки кон различните етнички заедници и националности.

Сепак, иако говорот на омраза и повикувањето на насилство и нетолеранција кои потекнуваат од обичниот граѓанин се опасни, далеку поопасни се оние кои доаѓаат од јавните личности во земјава, политичари, новинари, аналитичари, членови на академската заедница како и коментатори кои имаат значителен број на следбеници на социјалните мрежи. Овие личности носат многу поголема одговорност за искажаните зборови во јавноста преку било кој медиум поради нивната улога во креирањето на јавното мислење.

Последен ваков регистриран случај се искажаните ставови и пораки на новинарката Мирка Велиновска во гостувањето во емисијата „ЛејтНајт Шоу“ од 27.01.2018, чиј автор и домаќин е новинарот Миленко Неделковски. Видеото од емисијата е моментално прво на трендинг листата на Јутјуб во Македонија и досега има скоро 50 000 прегледи. Во емисијата, Велиновска употребува погрдни и навредливи зборови за албанската етничка заедница во земјава и пошироко, претставувајќи ја како непријател на македонската етничка заедница. Велиновска понатаму изнесува тврдење дека „ќе има терор на улиците“ во Македонија, како одговор на гореспоменатите општествено политички процеси, со тоа поттикнувајќи меѓуетнички тензии и нетрпеливост.

За искажаните говор на омраза и повикувања на насилство, Хелсиншкиот комитет ќе поднесе соодветни кривични пријави до Јавното обвинителство.

говор на омраза Миленко Неделковски Мирка Велиновска Хелсиншки комитет за човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.