НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Муижниекс: Притворот да се користи кога е неопходен, а не како казна

0
By Нова ТВ on February 2, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Притворот да се изрекува само кога е неопходен а не да служи за казнување, рече денеска комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниекс.

Тој пред новинарите информираше дела со државниот врв на Македонија разговарал за притворените од случувањата на 27.април, меѓу кои и пратеници и други лица и смета дека се работи за контроверзни случаи.

„Има сомневања дали се следени процедурите, особено за лицата со имунитет. Што се однесува до слободата на изразувањето, луѓето имаат право да се изразат, но немаат право да тепаат. Од бројните извештаи знам дека условите во притворот се многу лоши и дека многу треба да се стори за подобрување на тие услови. Притворот треба да се изрекува само кога е неопходно, а не како казна, особено кога се знае какви се условите таму“, рече комесарот за човекови права.

Во однос на Законот за употребата на јазиците кој е актуелен веќе неколку месеци, Муижниекс рече дека по усвојувањето во Собранието, Венециската комисија ќе може да ја оценува само уставноста на законот кој треба да биде испратен пред усвојувањето, но дека за другите димензии на законот, треба да се побара мислење и од Високиот комесаријат за национални малцинства на ОБСЕ и од Рамковната конвенција за национални малцинства во СЕ.

„Македонските власти треба да спроведат политики што поттикнуваат интеграција и разбирање меѓу етничките заедници и промовираат социјална кохезија, истовремено штитејќи ја разновидноста“, рече тој.

Според него, иако е донесен Охридскиот рамковен договор, недостига социјална кохезија.

„Мировниот договор што стави крај на меѓуетничкиот конфликт во 2001 доведе до промени, на пример, во областите на правичната застапеност на заедниците во јавните институции, децентрализацијата и употребата на јазиците. Сепак, социјална кохезија не е постигната. Македонското општество останува длабоко поделено по етнички и јазични линии и крајно време е политичките лидери да смислат стратегија за интеграција за да ги надминат овие поделби“,  рече комесарот Муижниекс.

Тој изрази загриженост за растот на сепарација меѓу етничките македонски и етничките албански деца, кои, вели, имаат малку можности да се среќаваат, да учат заедно и да си играат заедно, бидејќи образовниот систем е поделен според наставниот јазик.

„Сепарацијата раѓа недоверба, стереотипи и предрасуди“, смета Муижниекс.

Нилс Муижниекс притвор човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.