Едно лице загина во снежната бура која ја зафати Москва за време на викендот. Откажани беа неколку авионски летови, а руските власти прогласија „снежен ден“.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собианин, преку Твитер информираше дека над 2.000 дрва паднале во Москва поради големите врнежи и снегот.
Според локалните метеоролози, 62 сантиметри снег паднал за време на викендот.
Поради снежниот ден во руската престолнина се случија и десетици сообраќајни несреќи во кои повредени биле над 20 луѓе.
Руските власти информираа дека 1.2 милиони кубни метри снег бил исчистен од улиците на Москва, а над 60.000 домаќинства останале без електрична енергија.
Над 100 авионски летови беа одложени, а најмалку 30 летови беа откажани.
Во наредните неколку дена, во Москва се уште се очекуваат големи насипи од снег.