НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стратегијата за Балканот со тригодишен патоказ за влез во ЕУ

0
By Нова ТВ on February 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија денеска ќе ја објави стратегијата за проширување на Европската унија на Западен Балкан со патоказ за следните 3 години, до 2020 година, во 6 различни области во коишто Брисел предлага 57 конкретни проекти во економијата, правната држава или скиот развој, владеењето на правото или директните контакти помеѓу граѓаните за да се забрза влезот во ЕУ, дознава НОВА.

Стратегијата ќе прецизира дека сите земји во регионот имаат можност да напредуваат на европскиот пат врз основа на сопствени заслуги и брзината со која ќе ги остварат реформите.

Документот во Стразбур ќе го претстават високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан по што ќе следи расправа во Европскиот парламент. Стратегијата ќе им биде упатена на земјите членки кои за неа ќе расправаат на самитот во идниот месец.

Могерини и Хан ќе ја објават Стратегијата за кредибилната перспектива за проширување кон Западен Балкан, во која се предупредува на две важни прашања, кои се однесуваат на целиот регион, а кои треба да се решат пред пристапувањето на која и да е земја во ЕУ: дијалогот меѓу Србија и Косово и билатералните спорови.

Во најновата верзија на Стратегијата за Западен Балкан, се наведува дека земјите од регионот ќе станат членки на ЕУ, „но не во состојбата во која се наоѓаат денес“.

Црна Гора и Србија и натаму се идентификуваат како лидери во регионот, па нивниот прием во ЕУ се предвидува до крајот на 2025 година, со тоа што пристапните преговори би завршиле во 2023 година. Истата година, кога лидерите во регионот ќе ги завршат преговорите, се предвидува почеток на процесот со Босна и Херцеговина.

Македонија и Албанија се очекува да ги почнат преговорите во 2019 година.

Што ќе пишува за Македонија во балканската стратегија на Брисел

Крајот на 2019 година е рокот до кој Србија и Косово би требало да постигнат договор за сеопфатна нормализација на односите.

ЕК: Постои можност Србија и Црна Гора да бидат во ЕУ до 2025 година

Делегацијата на ЕУ во земјава ќе организира директен пренос на прес-конференцијата, по која на новинарите ќе им се обрати амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вчера изјави дека Македонија очекува во Стратегијата да добие јасна европска перспектива, но и можност да го достигне рокот заедно со Србија и Црна Гора во 2025 година да стане дел од Унијата.

Според него, треба да се има предвид дека Македонија има најголемо искуство во овој процес, најдолго е во овој процес и во реалноста има постигнато многу во смисла на хармонизација со европската легислатива и во исполнување на критериумите.

Официјално документот што денеска ќе биде презентиран во Стразбур, на македонските власти ќе им биде доставен од евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Лидерите од Западен Балкан во изминатите неколку месеци повеќепати беа на средби со еврокомесарката Могерини на разговори за Стратегијата.

За крајот на јануари најавена е посетата на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер на Македонија, додека за март, на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Нивната посета се толкува како поддршка на процесот околу решавање на спорот околу името со Грција и почетоците на преговори за интеграција во ЕУ.

 

 

ЕУ Могерини Стратегија за Западен Балкан Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.