Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ХК: Испочитувани процедурите при притворањето на пратениците

0
By Нова ТВ on February 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 6, 2018 11:57

Хелсиншкиот комитет за човекови права не констатирал кршење на процедурите, пропишани со Уставот и законите, во врска со приведувањето и притворањето на шестмината пратеници осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година.

Ова, како што информираа денеска од Хелсиншки, било утврдено по спроведената постапка по претставка поднесена од пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за приведувањето и притворањето на нивните колеги.

„Согласно надлежностите, Хелсиншкиот комитет се обрати до Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основниот суд Скопје 1 Скопје. Во врска со самата постапка за определување на мерката притвор за групата партеници – подносители на претставката, Комитетот утврди дека постапката пропишана според Уставот на РМ, Деловникот на Собраниете на РМ и Законот за кривична постапка во врска со определување на мерката притвор и одземањето на имунитетот на пратениците е испочитувана од страна на надлежните институции“, се наведува во соопштението.

Хелсиншкиот комитет констатирал и дека судијата правилно постапил кога првин издал наредба за приведување на пратениците за да ги испита и за да може да одлучи за „основаноста и неопходноста на предложените мерки кои зафаќаат во личните права и слободи“.

„Ваквото толкување и примена на уставните и законските одредби според Комитетот е сосема исправно бидејќи нема логика прописите да се толкуваат на начин како што тоа се сугерира во поднесокот од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, дека наводно прашањето за имунитетот требало да се постави уште во порана фаза, пред пратениците воопшто да се приведат“, велат од Хелсиншки.

Комитетот не можел со сигурност да утврди дали на пратениците неосновано им се ставени лисици само со цел тие да се омаловажат и понижат.

„Доколку тоа се утврди, истото ќе претставува повреда на домашните полициски процедури, како и повреда на членот 3 од Европската конвенција за човековите права. Фактот, пак, дека на приведувањето сведочеле членови на нивните семејства бездруго е несакана последица, но истата е своевидна колатерална штета на овие мерки кои треба да се користат во исклучителни случаи, па во таа смисла не наоѓаме дека во конкретниот случај осомничените се дискриминирани во однос на другите граѓани“, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права.

ВМРО-ДПМНЕ пратеници претставка Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.