Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Монструм: Обвинителството останува на првичното обвинение

3
By Нова ТВ on February 12, 2018 ПОЛИТИКА
Фото мкд.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 12, 2018 10:51

Во Кривичниот суд во Скопје денеска почна повторното судење за случајот „Монструм“ против обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро во Скопје на 12 април 2012 година.

Судењето стартува од почеток, бидејќи Врховниот суд ја укина првостепената и второстепената пресуда и предметот го врати од почеток, и тоа по барање на Вишото јавно обвинителство.

Судскиот процес, кој го води судијата Огнен Ставрев, денеска почна со читање на обвинителниот акт.

Обвинителот Наум Пановски рече дека остануваат на првичниот обвинителен акт, со кој обвинетите се товарат за тероризам.

Шест лица беа осудени во „Монструм“ на казна доживотен затвор под обвинение за тероризам.

На обвинителна клупа денеска се четворица обвинети, додека првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои има меѓународни потерници со години се во бегство во Косово.

Одбраната верува во позитивен епилог.

–Постои опција СЈО да го преземе случајот бидејќи тоа се уште го истражува случајот а и не е одлучено кој од обвинителите од организираниот криминал ќе го презентира, па мислам дека постои и оваа опција. Ако нема одложување од техничка природа, условно, мислам дека за четири седници ќе се затвори случајот во прв степен. Случајот наскоро ќе има епилог, изјави адвокатот Насер Рауфи пред судењето.

Роднините на осомничените се надеваат на нивно целосно ослободување од вина. Тие веруваат дека доказите кои ги поседуваат двете обвинителство ќе ја потврдат невиноста на шесте осомничени лица.

„Сметам дека треба што побрзо да се донесе пресуда за да се ослободат конечно. Тие се уште се затворени бидејќи им се поставени ограничувања. Не дека јас сакам по секоја цена да биде во полза на нашите семејства, но сакам судењето да биде во полза на правдата. Се надевам и апелирам до јавното и до специјалното обвинителство да ги соединат доказите и да излезат со став и сторителите на делото да ги изнесат пред закон“, вели роднината Бедри Хајдари.

Монум нов почетокстр обвинителство судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.