Канада го слави златниот медал во уметничко лизгање во екипна конкуренција на Игрите во Пјонгчанг. Нејзините натпреварувачи (Патрик Чен, Габриел Дејлман, Ерик Редфорд, Кетлин Озмонд, Меган Духамел, Теса Вирту и Скот Моар) успеаја да освојат најмногу поени (73) при атак на тронот што од Сочи досега го држеа Русите кои овојпат настапуваат под името „олимписки спортисти од Русија“ или ОСР поради суспензијата за системскиот допинг од Игрите пред четири години.
Тимот на ОАР на крајот мораше да се задоволи со сребреното одличје со освоени 66 поени, четири повеќе од натпреварувачите на САД кои завршија на третата позиција.
Натпреварот за распределба на медалите во дисциплината, сепак, го одбележа Мираи Нагаси која стана прва Американка која изведе троен аксел (елемент во уметничко лизгање) на едни Зимски олимписки игри.