НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев го осуди државниот удар во Турција во 2016

0
By Нова ТВ on February 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конфреција со турскиот премиер Бинали Јилдирим го осуди обидот за државен удар во Турција во 2016 година и изрази поддршка за државните институции.

– Сакам да порачам дека со голема загриженост ги следевме трагичните настани на 15 јули 2016 година. Го осудивме обидот за државен удар и ги поддржуваме демократските избрани институции на Република Турција, рече македонскиот премиер.

Посочи дека заедно со премиерот Јилдирим, и двете владини делегации, денеска разговарале за интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Турција.

– Ја искористивме приликата да побараме, Владата на Република Турција да размисли за овозможување квоти за Република Македонија, за извоз на телешко и јагнешко месо, како што е тоа овозможено за БИХ и Република Србија, рече Заев на прес конференцијата.

Постои, како што додаде, интерес од страна на компаниите од Турција за инвестирање во Република Македонија, посебно по стабилизацијата на политички план и отворените перспективи на нашата држава кон Европската унија и кон НАТО.

Шефот на македонската Влада изразил благодарност до Република Турција за големата поддршка што и ја дава на наша земја на полето на инвестициите и за интеграциите на Република Македонија во НАТО.

– И инвестициите и членството на Република Македонија во НАТО се важни за економскиот развој на нашата држава, како и за остварувањето на нашите стратешки цели и секој искрен пријател на Македонија е драгоцен, а посебно кога станува збор за традиционален, докажан пријател како што е Турција, истакна Заев.

Договоривме, додаде тој, дека силно ќе се заложиме за отворање можности, за унапредување на соработката и во сите други области кои се од интерес на граѓаните на нашите две држави.

-Лоциравме дека во енергетиката, земјоделството, индустријата, градежништвото и инфраструктурата, но и во одбраната и безбедноста, постојат и интерес и потенцијали да се продлабочи соработката и на тоа ќе работиме во претстојниот период, рече меѓу другото премиерот Заев.

Тој на прес конференцијата упати отворен повик до инвеститорите од Турција.

– Уште еднаш и во оваа прилика ќе ја повикам бизнис заедницата во Турција, дојдете, запознајте се со новите услови и можности за инвестирање во Република Македонија, тие партнерства ќе бидат во интерес и на граѓаните на кои им се потребни нови вработувања, но и на придобивки на економски план, за двете држави, порача Заев.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим рече дека расте интересот на инвеститорите од Турција за инвестирање во Македонија.

Јилдирим додаде дека има можности за продлабочување на соработката до трговска размена од една милијарда евра. Исто така и дека Република Турција ја поддржува Република Македонија во НАТО и ЕУ интеграциите.

државен удар економска соработка Заев Јилдирим прес конференција Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.