Ставре Јада ја почувстува суровата реалност на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Македонскиот знаменосец од дефилето на свеченото отворање го освои последното 80 место во квалификациската спринт трка на 1,6 километри во крос кантри. И самиот притоа изрази незадоволство од дебитантскиот настап на најголемото спортско натпреварување и нагласи дека очекува многу подобро издание во петок во трката на 15 километри во слободен стил.
Времето со кое Јада мина низ целната линија изнесуваше 4:23,85 минути што го прави единствен со повеќе од една минута послаб резултат во однос на победникот Хакола Ристомати од Финска (3:09,93 минути). Преку четири минути за завршување на трката му беа потребни уште и на Тариел Жаркимбаев од Киргистан.
До вториот настап на Јада во Пјонгчанг, олимписко деби ќе има и Викторија Тодоровска која во четврток ќе учествува во крос-кантри трката на 10 километри.