Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕРТ: Утре нова средба Димитров – Коѕијас во Софија

1
By Нова ТВ on February 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 14, 2018 11:58

Грчките медиуми денеска пишуваат за нова можна средба меѓу Никола Димитров и Никос Коѕијас  и тоа во следните два дена во Софија.

Според државната ТВ ЕРТ, средбата треба да се одржи во четврток, додека пак останатите медиуми со доза на резерва објавуваат дека е можно и веројатно двајцата министри за надворешни работи да се сретнат на маргините на неформалниот состанок Гимних во Софија, пренесува МИА.

-Господата Коѕијас и Димитров одново ќе се сретнат, утре, четврток во Софија, на неформалниот совет на МНР од ЕУ со колегите од земјите кандидати за интеграција, објави утринава грчката државна телевизија.

Весникот „Авги“, што важи за гласник на СИРИЗА, пишува дека „се згуснуваат чекорите за решавање на македонското прашање“, а по средбата во Виена веројатно е дека Димитров и Коѕијас одново ќе се сретнат во Софија.

Со сличен став е и „Катимерини“, објавувајќи дека, доколку не се случи нешто непредвидено, двајцата министри ќе имаат нова средба во бугарската престолнина.

Во однос на дводневните разговори во Виена, во Грција, освен соопштението од грчкото МНР, што беше идентично и пратено во исто време со она од македонското МНР, како што вчера објави МИА, не постојат дополнителни детали.

„Катимерини“ и „Авги“ откриваат дека нацрт спогодбата што Атина треба да му ја предложи на Скопје, не била доставена во Виена.

„Грција, од своја страна, изрази интерес да продолжат контактите се додека Скопје и Атина не стигнат до заеднички текст, односно т.н. спогодба, што ја предлага Коѕијас како основа за разговори. На тет а тет вечерата што ја имаа завчера вечерта двајцата министри, пред нивната вчерашна средба со Нимиц, имаа разговор за суштината и за процедуралните прашања„, пишува „Катимерини“.

„На средбите на двајцата министри во канцеларијата на ОН во Виена, во изминатите два дена, спогодбата не беше ставена на маса, односно сетот предлози што ги подготвува Коѕијас како основа за дијалог. Претпоставка, сепак, е дека разговорите веќе се навлезени во суштината и на маса биле сите прашања – лесните, разбирливите и трнливите. Ова се случи завчера на билатералната средба на двајцата министри за надворешни работи, но и вчера кога им се приклучи и специјалниот медијатор од ОН за „македонското прашање“, Нимиц“, пишува весникот „Авги“, пренесува МИА.

Вчерашната средба на министрите Коѕијас и Димитров со медијаторот Нимиц во Виена траеле од 09.30 до 16.40, наведува грчката новинска агенција АНА-МПА. За време на средбата, Димитров, Коѕијас и Нимиц, имале и заеднички работен ручек. По средбата следеше кусо соопштение во кое се наведува само дека „по конструктивната средба која е дел од напорите за наоѓање на заедничко прифатливо решение за надминување на разликата околу името, Министрите за надворешни работи се согласија да ги продолжат напорите под покровителство на ОН“.

Од Виена, Коѕијас се врати во Атина, а Димитров замина за Софија.

Димитров ЕРТ Коѕијас Софија средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 27, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

ВЕСТИ May 27, 2026

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испратил итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го на…

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.