Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведочење на Села: Ме удираа со монитор, копје од знаме и даски

2
By Нова ТВ on February 19, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: мкд.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 19, 2018 11:51

Пратеникот Зијадин Села денеска пред судот изјави дека за време на насилствата во Собранието бил удиран во главата со монитор, копје од знаме и со даска.

Во сведочењето на денешото рочиште за обидот за убиство, на кое присуствуваат и десетимината обвинети тој рече дека бил зашеметен и дезориентиран, поради што не се сеќава на дел од настаните на 27-ми април.

Тој додаде дека за време на нападот постојано со камера го снимала новинарка која зборувала со еден од напаѓачите, кој пак носел фантомка на главата. Од нејзината снимка, рече тој, би можел да се види целиот напад.

Села истакна дека пред да бида нападнат добил директни закани за неговиот живот. Како што рече тој слушнал како некој извикува: „Еве го Села, каде ќе одиш, ќе те убиеме“.

-Последниот момент што го паметам е како паднав на колена и тогаш почнаа да ме удираат по глава и насекаде по телото. Пред да паднам, човек со кожно елече и со очила на главата рече „Еве го Села, ајде!“ , рече Села.

Тој  рече дека не ги познава луѓето кои го нападнале. Пред него како жив штит стоеле пратениците Сурија Рушити од Алијансата за Албанците и Реџаил Исмаили од ДУИ. Во еден момент се повлекле и го оставиле сам очи во очи со насилниците. Тогаш Села добил удари со тупаници и клоци.

На прашањето на обвинителот, дали некој се обидел да го одбрани, Села рече:

-Кога ги добив ударите од мониторот, копјето и даската без зашеметен и дезориентиран и не се сеќавам на се. Кога се повлекоа пратениците останав сам без одбрана, обезбедувањето се обидуваше да го одбрани Заев. Никој во толпата не се обиде да ми помогне мене. Ако ми помогнеше некој тогаш, ќе бев испратен со цвеќиња и аплауз, а не со тешки повреди, рече Села во сведочењето.

Притоа нагласи дека изгубил свест и се разбудил во болница.

– Се освестив во соба 334 во Собранието. Собата беше темна, а јас бев под бирото. Абдул Фета, вработен во собрание беше со мене и ми се претстави, а со него беше и друго лице. Фета ми кажа дека телефонот постојано ми звони и го земав и се јавив на сопругата и и кажав дека сум жив. Тогаш влегоа полицајци во цивилка. Ми облекоа дуксер и ми дадоа полициска значка, буквално ме маскираа. Ме изнесуваа викајќи повреден полицаец, повреден полицаец, рече Села.

Неговото сведочење е во тек

Зијадин Села обид за убиство сведочење Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.