Американската метеоролошка служба Акуведер (AccuWeather) објави временска прогноза за оваа пролет, при што за Европа, се предупредува на висок ризик од поплави на Балканот поради чести врнежи дожд.
-Иако во текот на поголемиот дел од зимата на Балканот е регистрирано помало количество дожд и снег од просекот за овој период од годината, невремето од крајот на зимата ќе продолжи и во текот на пролетта, наведува метеорологот Ален Реперт.
Акуведер предупредува дека дождовите и невремето со грмежи ќе доведат до натпросечна количина врнежи во подрачјето од Грција до Романија и Унгарија.
Снег веројатно ќе паѓа на планините и во март, а во април само на највисоките точки, наведува Акуведер и истакнува дека промената кон поблаго време со дожд заедно со топење на снегот од планините го зголемува ризикот од поплави.
Освен ризиците од поплави, ќе постои и опасност од лизгање на земјиштето, но првенствено во повисоките области.
Бури во Германија
Бурите и силните ветрови нема да бидат невообичаена појава во пролетните месеци на подрачјето на Германија и Полска, а не се исклучени ниту грмотевиците.
– Најголема опасност од бурите ќе има кон крајот на април и почетокот на мај. Минхен и Берлин во Германија, Киев во Украина и Минск во Белорусија ќе бидат со најголем ризик за зачестени бури со грмотевици, пишува Акуведр во прогнозата.
Освен бури, во овие подрачја се закануваат и поплави, а можна е и појава на торнадо.
Топло и суво време од Франција до Пиринеите
По една од најдождливите зими во историјата, Франција ја очекува натпросечна сува пролет. Во оваа област не се очекуваат бури и врнежи, а најсилните ќе бидат на почетокот од пролетта, во март.
Се очекуваат долги периоди на суво и топло време, па пролетта во повеќето области ќе потсетува на лето.
Суво ќе биде и во Велика Британија, Холандија, Белгија и во скандинавските земји.
Во Северна Европа не се очекуваат екстремни временски услови, додека Британија и Ирска повремено ќе бидат зафатени од невремене.