Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев за Шпигел: Промена на Уставот и име без превод е неприфатливо

2
By Нова ТВ on February 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 26, 2018 11:36

Премиерот Зоран Заев во интервју за германскиот неделник Шпигел го отфрли барањето на грчката страна, компромисното решение за името да не може да се преведува на други јазици и да се користи во оригинална транскрипција.

-Не гледам тука никаков рационален аргумент. Не ми е јасно како тоа би се применило во праксата воопшто да не се преведува името. Треба ли да ја присилиме канцеларката Меркел или претседателот Трамп да кажат Северна Македонија ( North Macedonia). Tоа би било меѓународен преседан, вели Заев.

Во интервјуто за овој влијателен политички магазин, премиерот Заев исто така го коментираше барањето на Грција за промена на Уставот. Заев смета дека најдобра гаранција за грчката страна е потпишување договор за надминување на спорот што ќе ја има силата на меѓународните договори.

-Тоа име е наша гордост, наш идентитет. Не гледам причина за менување на Уставот, тоа не би било добро за нашето достоинство. На Грција и требаме како партнери, но не партнери без достоинство. Уставот може да се промени, па потоа таа промена пак да се коригираа, но тоа не е решение. Најважно за Грција е да има гаранција за решението која ќе биде валидна. Тоа е силата на меѓународните договори кој се ратификуваат и така стануваат валидни меѓународно, вели Заев.

Во интервјуто премиерот Заев, исто така, најави дека ќе биде формирана заедничка комисија која ќе работи на преиспитување на содржините во историските читанки.

-Ќе работиме во рамки на заедничка комисија за преиспитување на содржините во историските учебници, вели Заев.

Заев за Шпигел вели дека не сака ниту да замисли дека нема да биде најдено решение за овој спор.

-Не ни помислувам на можноста да немаме решение. Нашта земја има централна позиција во регионот. Ние сме мултиетничко општество од каде нестабилноста може да влијае врз целиот регион. Ние мора да го решиме проблемот и да се интегрираме во ЕУ, а со тоа да станеме и просперитетно општество. Тоа е добро за целиот регион. Неуспехот е незамислив за Македонија , за целиот Западен Балкан па и за ЕУ , изјави премиерот Зоран Заев во интервју за германскиот Шпигел.

Заев името интервју преговори Уставот Шпигел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.