Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европските банки го отвораат „чекмежето“ за Западниот Балкан

0
By Нова ТВ on February 26, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 26, 2018 13:45

Земјите од Западниот Балкан профитираат од закочениот пат на Турција кон ЕУ. Средствата претходно планирани за Турција се префрлаат кон Западниот Балкан, пишува денеска германскиот Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и Европската банка за инвестиции (ЕИБ), засилено се ангажираат во шесте држави од Западниот Балкан кои важат за следни кандидати за членство во ЕУ, пишува ФАЦ во пресрет на денешниот инвестициски самит во Лондон, пренесува Дојче Веле.

Според податоците на ФАЦ, ЕБРД во ниту еден друг регион не се ангажира толку многу како на Балканот.

„Кумулативните инвестиции во овие шест држави изнесуваат 560 евра бруто по жител. За споредба: во источноевропските членки на ЕУ како Полска, Унгарија, Хрватска или балтичките земји, тоа изнесува само 330 евра по глава на жител. (…) Севкупно, ЕБРД инвестирала 10 милијарди евра за 600 проекти на Западниот Балкан. Речиси половина од парите, 4,7 милијарди евра добила Србија, по неа БиХ со 2,1 милијарди евра, Македонија добила 1,6 милијарди, а Албанија една милијарда евра.“

Инвестицискиот самит во Лондон се одржува само неколку недели по објавувањето на Стратегијата на ЕУ за Западниот Балкан. Планирано е на самитот да биде промовирана инвестициската платформа за Западниот Балкан во соработка со Стопанската комора на Западниот Балкан.
„Секојпат кога ЕУ ќе испрати позитивни сигнали кон Западниот Балкан, се забележува пораст на инвестициите“, вели претседателот на ЕБРД, Сума Чакрабарти.

И Европската инвестициска банка од Луксембург го зголемува ангажманот на Западниот Балкан. Од 2007 година биле исплатени 7 милијарди евра, а само во 2017 година 548 милиони евра. Само од почетокот на оваа година Србија добила околу 347 милиони евра.

„На тој начин ЕБРД и ЕИБ јасно ја следат Стратегијата за Западниот Балкан на Европската комисија. (…) Засилениот интерес за Балканот е резултат на намалените шанси за членство на Турција. (…) Традиционално, Турција е најважната земја-корисник на ЕБРД и ЕИБ, но активностите таму се намалуваат. Истото важи и за ИПА фондовите. И во тој дел Анкара беше најголем профитер, но сега има пренамена кон Балканот. Веќе сега Србија по глава на жител добива повеќе пари од Турција“.

Шефот на ЕБРД, Чакрабарти признава дека во Западнобалканските држави постојат големи дефицити, пред сѐ во однос на слабите институции и огромната корупција. Претприемачите имаат проблеми со презадолженост, ниска продуктивност, и недостаток на обучена работна сила.
„Сето тоа се пречки за членство во ЕУ, но тие не се ненадминливи“, вели Чакрабарти за ФАЦ.

ЕБР Западен Балкан ФАЦ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.