Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи имале одвоена средба со британската премиерка Тереза Меј и министерот за надворешни работи Борис Џонсон за време на приемот во чест на шефовите на владите на земјите од Западен Балкан во Лондон.
На средбите, соопшти владината прес-служба, бил изразен интерес за спроведувањето на реформите во Македонија, како и за добрососедските односи и за проектите во регионалната соработка.
Заев ги информирал за најновите активности на Владата во евроатлантските интеграциски процеси и нагласил дека очекува Македонија да добие препорака за отпочнување на преговорите со ЕУ и земјата да биде 30-тата членка на НАТО во 2018 година.
Меј и Џонсон, според владиното соопштение, ја изразиле силната поддршка за Македонија во аспирациите за членство во ЕУ и НАТО.
Приемот на лидерите од Западен Балкан се случува по Инвестицискиот самит за Западен Балкан во организација на Европската банка за обнова и развој во Лондон.