По отстранувањето на статуата на Александар Македонски од скопскиот аеродром, здружението „Тврдокорни“ најави нови протести, односно блокирање на Меѓународниот аеродром Скопје.
„Александар Македонски во моментов си заминува од аеродромот „Скопје“. Тврдокорни во најбрз можен рок ќе организираат блокирање на аеродромот!“, стои во нивната објава на социјалните мрежи.
Споменикот на Александар Македонски, кој беше поставен внатре во аеродромот во 2011 година, отстранет е вчера, откако претходно беа сменети буквите на аеродромот кој до неодамна го носеше името Александар Велики.