НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Не постои договор со власта за враќање во Парламентот

0
By Нова ТВ on March 1, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека шпекулација е дека неговата партија се договорила со владејачките партии да се врати во Собранието и да се изгласа законот за јазици, а за возврат на тоа да бидат ослободени притворените за случувањата во Собранието на 27 април.

– Оваа шпекулација ја слушам од вас. Апсолутно нема такво нешто, ниту некој зборувал за тоа. Се разбира дека мораме да ја релаксираме политичката атмосфера во државата и опозицијата треба да биде дел од тоа, но, како што велат и претставниците од меѓународната заедница, најодговорна за овозможување демократски амбиент е Владата, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески,

Во врска со синоќешната изјава на претседателот на Собранието Талат Џафери дека амандманите за законот за јазиците не се решение, Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот законот за јазици да се повлече и наместо тоа, да се формира работна група со експерти која ќе донесе, како што рече, уставно и применливо решение.

На прашањето како ги оценува протестите за името Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека неговата партија го поддржува уставно загарантираното право на секој, независно како е политички определен.

Во врска со средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети закажана за во сабота, Мицкоски очекува да разговараат за реалните проблеми и актуелната политичка и економска ситуација во земјата.

– Имаме ние наши факти и аргументи за многу прашања. Ќе видиме како ќе ги презентираме тие факти и аргументи, во насока на подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани зашто тоа е наша основна и елементарна цел – како од оваа земја да направиме подобро место за живеење. Гол популизам и ниски страсти нема да практикуваме во нашата политика, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ враќање закон за јазиците Мицкоски парламент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.