НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ситуацијата во Источна Гута станува се подрaматична

0
By Нова ТВ on March 1, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веќе подолго време во сирискиот регион на Источна Гута не е доставена храна, додека болниците се систематски напаѓани и бомбардирани.

Од поранешните 27 медицински установи во градот, шест веќе не се функционални, вели Мохамед Кутуб, портпарол на сириско-американско лекарско друштво за арапскиот тв канал на Дојче Веле. Голем број лекари и медицински персонал настрадаа во нападите.

Особено во последниве недели гранатирањето на градот кој е под контрола на џихадистите е интензивирано. За само неколку дена, според проценките на хуманитарците во регионот, убиени се околу 500 цивили, меѓу нив 120 деца, а над 2400 лица се повредени. Околу 400.000 лица се „заробени“ во Источна Гута.

Децата се најмногу погодени од целата ситуација, бидејќи немаат ни топла облека за да се заштитат од студот. Во регионот на Источна Гута температурите во текот на ноќта паѓаат до четири степени.

Катастрофална е ситуацијата и за лекарите. Лекарка од организацијата „Лекари без граници” вели дека таа и колегите речиси и не можат да се движат низ регионот, дури и со јасно обележани амбулантни возила. Исто така таа вели дека се и исцрпени.

„Исцрпени сме од постојаното бомбардирање, кое трае цела недела без прекин. Не сме спиеле практично со денови. Дури и ако некој дремне, тоа се прави на смени. Поголемиот дел од колегите мора да се будни, бидејќи постојано се носат повредени”, вели таа.

Од почетокот на судирите во Сирија во 2011 година, регионот Источна Гута е центар на отпорот против владата на Асад. Во 2013 година, режимот ги нападна тогашните опозициски групи со отровен гас. Но, противниците на Асад успеаја да се задржат и оттогаш ги градат своите позиции. Како што е карактеристично за Сирија, и во Источна Гута отпорот во текот на годините ги менуваше идеолошките насоки. Ако првично бил посветен на демократски и либерални идеали, под зголемениот воен притисок сè повеќе се отвора кон исламистички и џихадистички групи. Тие сега доминираат во отпорот – исто така идеолошки.

 

Асад Источна Гута напад Сирија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.