НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата да го покаже патот за борба против насилството врз жените

0
By Нова ТВ on March 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија треба да создаде атмосфера во која жените ќе се чувствуваат безбедно за да поднесат жалби доколку над нив е извршено насилство и треба да се сфатат сериозно, ова е пораката на комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Муижниекс во интервју за МИА.

Неговиот шестгодишен мандат завршува во април а него ќе го наследи Дуња Мијатовиќ што македонската јавност ја запозна додека беше задолжена за слобода на медиумите во Европа во ОБСЕ.

Македонија, која неодамна ја ратификуваше Истанбулската конвенција за борба против насилството врз жените, треба да ја искористи оваа повелба, вели Муижниекс, како важна платформа во својата борба против родовото насилство.

“Истанбулската конвенција е одлична алатка која може да промовира дискусии за родовите стереотипи во образованието, во медиумите, во политичкиот дискурс, да се разгледа што е тоа репродуцира нееднаквост, стари стереотипи? Кога имате таков вид на нееднаквост, тогаш се случуваат сексуални напади и вознемирувања”, вели тој.

На прашањето дали е добра вест тоа што во Македонија се појави движењето #сегакажувам по пример на   глобалното #metoo движење во кое жените проговоруваат за сексуалните малтретирања, тој вели:

“Прво, сведочењата треба сериозно да се сфатат. Второ, има два аспекта. Едното е криминалното однесување, тоа е силувањето, присилувањето од позиција на моќ, итн. Тоа треба да биде санкционирано со закон. Прашањето е до која мера вашата законска рамка е способна да се справи со тие појави. До која мера вашите адвокати, судии се обучени да се справат со тие случаи? Потоа, се поставува прашањето колку жените се чувствуваат небезбедно во професионалната средина? До која мера се жените застапени? До која мера мажите прават невкусни коментари за нив во професионални и други средини?”, вели комесарот.

И додава дека тоа не е толку легално прашање колку што е културолошки и политички проблем, кој треба да биде решен.

“Бидејќи често непристојните работи не се нелегални, навредливи се, болни се, невкусни се, но не секогаш се санкционираат со закон. Треба да се смени начинот на кој бизнисот гледа на овие работи, организациите, институциите. Но, Владата е таа што треба да води, треба да го покаже патот преку своите политики во државната администрација, но и во компаниите со кои има поврзаност. Треба да создаде атмосфера во која жените ќе се чувствуваат безбедно да поднесат жалби и да се сфатат сериозно”, вели комесарот.

Во интервјуто за МИА комесарот ја дава својата оценка за состојбата со човековите права во Македонија, со посебен осврт кон етничките прашања, за етничката сегрегација во училиштата, за проблемите со законот за јазици и родовата нееднаквост. Целото интервју може да се прочита тука.

#СегаКажувам Истамбулска конвенција Нилс Муижниекс родово насилство Совет на Европа човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.