Не вршев притисок врз Република Македонија и Грција за решавање на спорот за името, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во интервју за Еуроњуз, веднаш по завршувањето на неговата турнеја низ Балканот.
-Притисокот не е алатка што треба да ја користиме. Ги охрабривме Грција и Македонија да најдат решение за спорот со името. Ние не треба да правиме интервенции, вели тој.
Јункер не одговори на прашањето дали барањето на Грција, Македонија да го смени својот Устав, е оправдано.