Само пратеникот Амди Бајрам се појави во собраниската сала каде денеска е закажана да се одржи 32 седница, на чиј дневен ред е законот за употреба на јазиците во трето читање, откако претседателот Иванов одби да го потпише по неговото усвојување. ВМРО ДПМНЕ има поднесено 35.000 амандмани.
Службата регистрирала дека 62 пратеници се пријавиле со службените картички. Од нив 14 се ов ВМРО ДПМНЕ.
Од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери нема објаснување зошто доцни седницата која најпрво беше закажана за напладне, а потоа одложена за во 15 часот, поради координацијата на пратеничките групи, на која не присуствувале пратениците од опозицијата. Од кабинетот на Џафери се децидни дека седницата ќе се одржи, но не прецизираат кога.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, се појави во пленарната сала, каде што на прашање на новинарите дали ќе има седница, само кусо одговори: „Господ знае“.
Некои од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ стојат пред вратите на собраниската сала