Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитрис Каменос: Со менување на табли нема решение за името

0
By Нова ТВ on March 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 8, 2018 13:49

Димитрис Каменос, еден од потпретседателите на грчкиот Парламент и пратеник од Независни Грци, во изјава за грчката ТВ Скај, вели нема да се постигне решение за проблемот со името.

„Мислам дека вака како што оди, нема многу простор. Нема да постои решение. Овие луѓе не можат да ги сменат работите што ние ги сметаме за неопходни и треба да се направаат како гаранција. Ни говори (Заев) за меѓународен договор, вели ние нема да промениме јазик, нема да смениме ништо, нема да го промениме Уставот, само табли менуваат“, вели Каменос во интервју за Скај.

МИА јавува дека тој упатил критики до Заев, затоа што „во време на сериозни преговори, излегол со хумористични изјави за промена на грчкиот Устав“.

Говорејќи за грчко-турските односи, Каменос побара од Заев јавно да ја коментира „турската провокација“.

„Господинот Заев сака да влезе во Европа. Не сака да влезе? Не бара од нас различни имиња? Во која Европа сака да влезе? Има дадено некоја изјава за турската провокација? Доаѓа господинот Заев и ни вели сакам да влезам во Европската унија. Границата на неговата земја ќе биде Европската унија, ќе сака утре тоа да го поддржи Грција и Европската унија? Ќе треба и тој да даде изјава. Ова го кажувам јавно. Да ја процени агресивност во ексклузивната економска зона на Кипар и агресивноста на Турција (со која има многу добри односи) на границата со Грција, што е и европска граница“, рекол тој.

Во меѓувреме, шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас синоќа на вонреден состанок на Владата во Атина ги претставил клучните аспекти од нацрт-договорот за решавање на спорот со името, во кој наводно се додадени нови елементи, пишува грчкиот весник „Иефимерида“.

Според последните информации, Коѕиас следната недела би можел со документот да допатува во Скопје.

Независни Грци е партија која е дел од кабинетот на Ципрас, а во грчкиот Парламент учествува со 9 пратеници.

Грција Димитрос Каменос името Македонија ТВ Скај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.