Како што покажуваат временските прогнози, денеска на целата територија на Македонија, времето ќе продолжи да биде претежно сончево и топло со слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од 16 до 22 степени.
Во Скопје, сончево со мала облчност и со слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.
Во наредните денови пак, се очекува промена со наоблачување и врнежи од дожд.
Утре во попладневните часови, во западните делови се очекуваат повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Локално ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд.
Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер.
Потоа во наредните два дена ќе има слаб локален дожд, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.