НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест на новинарите: Врзете ги кучињата кои се во власта

2
By Нова ТВ on March 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Врзете ги кучињата, тие се дел од вашата коалиција“, му порача претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, кој се појави на протестот на новинарите пред Владата.

Поповски рече дека  Владата осудува секаков вид напади врз новинари и  има нула толеранција кон заканите. Во вербалното дофрлање меѓу Селмани и Поповски, министерот без ресор неколкупати повтори дека Владата не е единствена институција што треба да го расчисти инцидентот и го повика Обвинителството да ја заврши работата.

 

Претседателот на ЗНМ, Селмани, рече дека не се плаши од насилниците.

„Не му се плашев на Груевски кога неговите силеџии ми се закануваа. Не се плашам ниту од насилниците на ДУИ. Сега е време да се направи разлика, кој е со насилниците, а кој е за слободна Македонија“, рече Селмани. Тој порача дека Владата мора да ги замолчи насилниците, во спротивно ќе стане дел од таа приказна.

Протестот го организираше Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници .

Причината беа заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, од страна на висок партиски функционер на коалициониот партнер во Владата, ДУИ, Бекир Асани и неговиот брат. Во интервју за Мактел, Бекир Асани  со погрдни зборови и сексистички го напаѓа претседателот на Здружението на новинари  (ЗНМ) Насер Селмани, и го нарекува „копиле” и „дно”. 

Бекир Асани е познат по нападот на полицајката Јасмина Јаначковска. Првите информации велеа дека Асани физички ја нападнал Јаначковска. Но таа ова го демантираше и се сликаше со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и рече дека самата се удрила во “пајакот” кој требал да ја крене лошо паркираната кола на Асани. Најголемиот дел од јавноста остана со убедување дека припадничката на полицијата била под закана за да изјави дека Асани само вербално ја нападнал.

По Фејсбук статус во кој  Селмани напиша „Правната држава клекна пред еден силеџија, поддржан од ДУИ“, тој доби закани од братот на Асани.

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи денеска ги осуди навредите кои ги упати Асани.

„Наша волја е да создадеме законска рамка за да можат новинарите да ја завршат слободно својата работа, и политичка волја да осудиме и да им помогнеме на новинарите во остварувањето на нивните задачи. Ова го правиме без никакво двоумење или заштита на кој било вклучително и највисок претставник на некоја политичка партија, така да немаме дилема во тој дел“, рече Османи.

 

Асани новинари протест Селмани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.