Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Ситуацијата со преговорите за името се менува секојдневно

0
By Нова ТВ on March 12, 2018 ПОЛИТИКА
Фото Твитер
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 12, 2018 14:59

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека ситуацијата со преговорите со Грција се менува секојдневно и од тоа зависи оптимизмот за евентуално решение. Според него, Македонија прави се да се дојде до достоинствен компромис кој така ќе биде доживеан од двете страни, но како што рече, не зависи се од нас.

– Не е се во наши раце. Се обидуваме да најдеме решение што ќе ги покрие грижите на двете страни во смисла на дистинкција меѓу државата Македонија и регионот Македонија во Грција, но дистинкција што ќе биде достоинствена и нема да навлезе во идентитетските прашања на двете страни. Две европски држави во 21 век кои споделуваат географски регион Македонија треба и мора да најдат начин како да споделуваат и такви културни наследства, дури и тогаш кога под поимот подразбираат различни работи или ставаат различен акцент, рече Димитров одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата со неговиот полски колега Јацек Чапутович.

Шефот на македонската дипломатија дипломатијата не прецизираше кога ќе дојде во Македонија неговиот грчки колега Никос Коѕијас кој треба да ја донесе грчката нацрт спогодба за решавање на спорот.

– Во тек е усогласување меѓу нашето Министерство, тоа на Грција и Канцеларијата на медијаторот Метју Нимиц, во контекст на неколку датуми и следни чекори. Штом тоа се затвори, јас очекувам тоа да биде кон крајот на неделава, синхронизирано, истовремено ќе биде запознаена јавноста и кај нас и кај нив точно за тоа кога претстои таа посета, кој ќе биде следен чекор, рече Димитров, додавајќи дека не е добро јавно да се пласираат сите информации.

– Мислам дека колку сме поексплицитни во јавност, толку потешко ќе најдеме заеднички јазик на масата каде што разговараме. И јас постојано ги упатувам тие апели не само кон нас, туку и кон другата страна дека главната концентрација и енергија сепак треба да се инвестира во тој процес бидејќи ако повторуваме позиции јавно тие стануваат црвени линии, а со црвени линии не се оди на состанок со другата страна, рече Димитров.

Прашањето за името ќе биде една од главните теми на средбата со американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, кој утре доаѓа во Македонија, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

– Мислам дека секако состанокот ќе тргне со тоа прашање. Тоа ќе биде убава прилика да го запознаеме со динамиката во процесот за надминување на разликата околу името, рече Димитров.

Димитров рече дека ќе биде поставено и прашањето за шансите Македонија годинава да стане дел од НАТО, за динамиката на одлуките на Самитот на Алијансата во јули оваа година, како и некои други прашања во контекст на перспективите на регионот.

– За нас е убава вест што помошникот на државниот секретар за Европа и Евроазија Велс Мичел доаѓа во Македонија. Нас ни треба тоа внимание и тој ангажман, рече Димитрив.

Посочи дека според последните анкети, 80 проценти од граѓаните на РМ го поддржуваат членството во НАТО.

– Јас често во контекст на стратегијата и вклучувањето на Балканот зборувам дека ни треба реформски натпревар. Да се натпреваруваме кој ќе биде поуспешен во судски реформи, борба против корупција, слободни медиуми итн. По аналогија, во делот на билатералните прашања ќе биде убаво со нашите соседи со кои уште имаме разлики, да се натпреваруваме кој ќе биде поевропски, кој ќе покаже разбирање за другите и кој ќе ги има предвид вредностите и принципите на Европа бидејќи токму и во тој контекст се обидуваме да го решиме тоа прашање, рече Димитров

Помошникот државен секретар на САД за Европа и Еврооазија од денеска до 17 март е во посета на Приштина, Скопје, Белград, Атина и Никозија, објави Стејт департментот.

Како што се наведува во соопштението од Стејт Департментот, Мичел во Скопје „ќе ја потврди американската поддршка за евроатлантските апсирации на Македонија, ќе понуди поддршка во преговорите меѓу Македонија и Грција и ќе ја повика Владата да ги спроведе реформите чија цел е јакнење на демократското управување на владеење на правото и слободата на медиумите“.

Димитров името Мичел НАТО посета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.